Рецензија: Какво млеко пиеме – Знаете ли што значат бројките на пакувањата?!

04302014-Sitel-Mleko-crop-resize

Новинарите не се експерти и познавачи. Тие се само собирачи на информации вредни да бидат вест кои за да бидат уверливи мора да бидат поткрепени со извори и коменатри, или мислења, на личности кои се стручни, кои се познавачи, а понекогаш и авторитети чие мислење се цени….

Ова за поткрепата на информациите што ги пласираат медиумите е особено важно кога се работи за теми кои се од посебен јавен интерес за публиката како што се здравјето, здравата храна и здравата околина, безбедноста…

Оттаму, сосема несоодветно е за тема каква што обработува информацијата што ја рецензираме – квалитетот на млекото – да нема ниту едно стручно лице кое ќе ги потврди, порекне, односно, ќе го објасни тоа што го тврди авторот на овој текст и да ја оправда мотивацијата на медиумот што решил да објави една ваква информација која предизвикува загриженост.

Сѐ  што има како навестувања за некакви извори се конструкциите „се тврди…“ (Кој тврди?), „сите признаваат…“ (Кој се тоа „сите“? Нема одговор на тоа прашање.)

04302014-Sitel-MlekoЛинк до оригиналниот напис: Какво млеко пиеме – Знаете ли што значат бројките на пакувањата?!

Датум и време на објавување: 30.04.2014, 13:08

Датум на рецензирање: 02.05.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

И навистина, како да знаеме дека оваа медиумска информација, дека трајните млека во тетрапак пакувања се пастеризираат по неколку пати и дека бројките на сосема непрегледно место на пакувањето го објаснуваат тоа?

Како можеме да му веруваме на овој текст, кој, освен што не е потпишан, со ништо не оддава дека зад него има некаква експертиза или познавање од оваа област. Нема ниту најмало навестување, индикација, дека зад овој текст со сериозни предупредувања, стои стручен авторитет.

Тоа, во вакви случаи, е едноставно – недозволиво.

Уште поголема забуна и загриженост создава квазисодржајноста на ваквите новинарски творби. Има премногу зборови, „објаснувања“ и бројки кои, вака како што се кажани, ништо не потврдуваат ниту демантираат. Само создаваат конфузија и можност за сосема погрешни заклучоци.

Дали текстот е преземен или не, тоа не претстаува амнестија за ова неодговорно однесување.

Уште повеќе, ако е веќе преземен, текстот не е таков за да не може да се проверат сите вознемирувачки наводи што тој ги донесува. Има институции, има експерти, кои веднаш можат да ги објаснат податоците за кои во текстот се тврди дека имаат некое значење.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција