Рецензија: Почна ловењето на гласови за и против Заев

FireShot-Screen-Capture-278-Почна-ловењето-гласови-за-и-против-Заев-final-crop-resize

Дневниот весник со веројатно најголема концентрација за она што се случува во кампот на опозицијата последните години – „Дневник“, деновиве објави текст со кој го најавува следниот Конгрес на СДСМ на 11 мај. Датумот е секако најнеспорен „детал“ од текстот, бидејќи може да се провери и на официјалниот сајт на партијата за која се однесува содржината. Но, сето останато, да речеме, како по традиција, кога се работи за „Дневник“ и авторката која ги потпишува текстовите за социјал-демократите, се информации добиени од анонимни извори, кои, за да биде уверливоста наводно поголема, се цитираат во форма на директно пренесен говор (мислење, сознание).

FireShot-Screen-Capture-278-Почна-ловењето-гласови-за-и-против-Заев-finalЛинк до оригиналниот напис: Почна ловењето на гласови за и против Заев

Датум и време на објавување: 03.05.2014, 14:56

Датум на рецензирање: 06.05.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Членовите се веќе поделени во две струи и секоја влече на своја страна. Од завчера почнаа и лобирањата кај пониските партиски органи кои сепак ќе учествуваат на конгресот (некои од нив се и делегати) да гласаат против Заев. Од друга страна, пак, претседателот и неговиот заменик, очекувано, ќе лобираат кај ’своите’ луѓе, особено од внатрешноста кои се очекува да гласаат за нивно останување на чело на СДСМ – вели висок партиски функционер“.

Ова е типично користење на анонимен извор, за кој се вели дека е „висок партиски функционер“ ама не се ни нагласува колку висок? На пример, член на најтесното раководство, на Централниот одбор или кандидат за пратеник на изминатите избори, иден учесник на тој собир? Се настојува да се сочува уверливоста на изворот, ама не се даваат никакви елементи зошто треба да му веруваме на таквиот извор, дури и кога се става меѓу редови дека се работи за скопјанец, бидејќи, се забележува алузија на членовите на Конгресот од провинцијата кај изворот, кои, нели, „по рефлекс“ гласаат за својот, односно за Заев. Ставањето на Заев на фотографија во тесктот секако има илустративна функција ама и таа е изнудена со оглед дека било каква друга фотографија би била „предавник“, односно би можела да посочува на оној кој наводно е извор, ама без „три чисти“. Таков е и насловот кој настојува да ја концентрира целата претконгресна атмосфера во насока „про или контра Заев“, иако Конгресот и кога ќе расправа за нечија вина, секако има широк појас на теми и личности.

И вториот цитат, можеби од истиот соговорник, ако тој постои, треба да нѐ наведе на судир Скопје – провинција, бидејќи, се поаѓа од тоа дека истиот (истата) е разочарана што отставка не даваат и вршителите на јавни функции по локалните самоуправи (се подрзабира дека се тоа Струмица, Куманово, Ранковце…), со што една тема која никаде не излегла на јавна сцена, како размислување на членството или раководството, пред сѐ, во смисла на изјава која е неспорна, во текстот на овој начин се вметнува во главите на читателите и кај нели – оние кои можеби на 11 мај ќе одлучуваат за судбината на раководството на „сините“.

Она што е секако опасно во ваквите анонимно-сигурни извори, е што се настојува да се предизвикаат сериозни консеквенци врз текот и заклучоците на ваквите собири. Се констатира, на пример, дека се формирани две струи, па се тврди дека „според наши извори од ’Бихаќка’, доколку конгресот помине регуларно, голема е веројатноста на местото на актуелниот претседател на СДСМ да дојде нов лидер“. Или поинаку, ако нема нов лидер конгресот не бил фер и демократски, со што, потоа би се ставил знак на еднаквост меѓу претходните претседателски и парламентарни избори, кои СДСМ ги прогласи за токму такви и ги бојкотира резултатите, кои сега би се „пребиле“ со резултатите од изјаснувањето во партијата! И таму и ваму е нефер и недемократски!

Секако, проблемот не е во тоа дали се има професионален однос кон една тема, па се користат јасни и недвосмислени извори на сознанија во однос на партиите од опозицијата или поконкретно во однос на СДСМ. Проблем е ако известувањето не е коректно и согласно на новинарските стандарди во една област, како сега, зошто тоа би било во други области? Имено, покрај ваквите написи за опозицијата петно се става на сите страници во еден весник!

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција