Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи!

05122014-Vecer-SDSM-crop-resize

Од наднасловот (Нема консолидација), до последниот параграф, со неиздвоен коментар во новинарски извештај, („За да биде целата ситуација уште потрагична…“), овој текст е врамен во рамка од едностраност и коментирање кои не се автентични особености на еден новинарски извештај.

Напротив, вака структуриран текст е ништо друго освен пристрасен новинарски производ кој вклучува мислења аргументи.

05122014-Vecer-SDSMЛинк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи!

Датум и време на објавување: 11.05.2014

Датум на рецензирање: 12.05.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Никако не оди една ваква новинарска постапка да се идентификува со податокот во глвата на овој медиум кој укажува дека тој постои цели 40 години. Едноставно е неможно медиум што истакнува дека е одамна во сферата на журналистиката да објавува аматерски новинарски продукти.

Како прво, не е јасно што е ова: извештај од конгрес на една политичка партија, анализа или мислење, или коментар. Во насловницата на текстот нема жанровска определба што ќе ја појасни позицијата од која е пишуван текстот.

Ако е извештај, тогаш е неприродно во него да се вметнуваат стари изјави искажани пред настанот со кој е поврзан овој новинарски текст.  Ниту, пак, е природно единствената „свежа“ изјава да биде само од опонентите на раководсвото на политичката партија што одржа конгрес на 11 мај.

Додуша, има изјава од Заев, но ставена е во дефанзивен контекст. Зошто новинарот не вметнал и изјава на подршка на актуелниот лидер на партијата? Такви, секако, имаше на конгресот

Тоа е еднострано известување кое јасно го определува овој текст како пристрасен.

За да си ги надодаде проблемите, текстот има и коментаторски елементи, без да бидат издвоени од текстот:

„ За да биде целата ситуација уште потрагична, наместо да се покаже единство и цврстина…“

А, наднасловот и насловот се посебна приказна: ем е коментар, ем со ништо во текстот нема подршка за вака навивачки и партиски обоен наслов.

И, уште една, макар техничка забелешка, во периодот додека го рецензиравме овој текст, фотографијата во него не се отвораше (прекинат линк) што укажува на непрофесионален однос кон сопствениот медиум и кон публиката.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција