Рецензија: Петар и Иван ќе стапат во брак

FireShot-Screen-Capture-148-Петар-и-Иван-ќе-стапат-во-брак-crop-resize

На предлог на читател, рецензираме репортажа која во моменталната констелација на случувањата во Македонија и однос на општеството кон ЛГБТИ заедницата може да се означи како новинарска храброст,  да се разбијат некои стереотипи и предрасуди, и во медиумите да се отвори табу тема за истополови бракови и дефинција на брачната заедница.  … „Граѓански активист и актер Петар Стојковиќ ќе стапи во брак со својот партнер Иван Ивановиќ…  нивниот брак ќе биде признаен во сите земји … но не и во Македонија.“

FireShot Screen Capture #148 - 'Петар и Иван ќе стапат во брак'Линк до оригиналниот напис: Петар и Иван ќе стапат во брак

Датум и време на објавување: 07.05.2014, 13:40

Датум на рецензирање: 11.05.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ПРОТИВ СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ

Зошто е ова значајно и заслужува позитивна рецензија? Затоа што е храбро укажано на тие стереотипи и предрасуди поддржани од некои политички кругови и клерот, кои во неколку наврати доведоа до психолошко празнење  на насилнички групи, што, пак, беше фатално по оние означени како „виновници“. …„Мојата куќа беше каменувана во два наврата, а МВР до моментов го нема  пронајдено сторителот“…„преживеа хомофобичен напад… кој за малку  не го плати со својот живот… како резултат на тешки повреди со кои се имаше здобиено откако напаѓачот со стаклено шише го онесвестил, а потоа се иѕживувал над него“...!

А, нивната вина е само во тоа што се различни и припаѓаат на ЛГБТИ заедница и што сакаат со оној, кого тие го избрале, да живеат во хармонија и љубов, без оглед што тоа можеби некому тоа не му се допаѓа. Тоа е нивното право.

 

РЕАЛНА ПРИКАЗНА БЕЗ ПАТЕТИКА

Приказната се развива според урнекот на класична репортажа, со полна содржина,  без патетика и без прикривање на елементи кои кај читателот би можеле да предизвикаат дилема. Отворено, со јасен новинарски јазик и со професионална храброст е претставен иден брачен пар на двајца мажи од нашето поднебје.
Нивната приказна е новинарски умешно искористена да се сврти вниманието на недозволиво однесување на поединци и групи од општество кон оваа заедница, но и да се укаже на потребата од почитување на човековите права кај луѓето со поинаква сексуалната ориентација и родов идентитет. …„како јавна личност и активист за човековите права  најпрво ќе се обидам да ги променам нештатта во мојата татковина…беѕ одложување да се иницира дијалог со институции на системот како би се решиле отворени прашања на ЛГБТИ заедница“…

Со тоа  е јавно отворено прашање од општествен интерес-каков однсо заедницата во иднина ќе завземе кон оваа група на граѓани.

 

КОЈ Е НА ФОТОГРАФИЈАТА ?

Во основата на репортажата секогаш лежи вест. Овде е тоа јасно потенцирано уште на почетокот од текстот, кој е потпишан со полно и ме и презиме на авторот: …„граѓански активист Петар Стојковиќ ќе стапи во брак со својот партнер Иван Ивановиќ“… .  Она што репортажата ја прави таа да биде уметничка новинарска форма е начинот на прикажувањето на фактите. Нејзината функција е секогаш да предизвика емоции кај аудиториумот, поготово ако се работи за субјектите кои се разликуваат од секојдневните ликови кои ги среќаваме. …„Со Иван се запознавме во април 2011 година, во септември истата година се всели во мојата семејна куќа каде живеам заедно со мајка ми и од тогаш се немаме раздвоено, кратко потоа разменивме  завети и веренички прстени… со надеж дека ќе стапиме во брак“…

Убава приказна со насловот кој успешно ја продава и илустрирана со уште поубава фотографија. Но, не знаеме кој е на фотографијата, дали се тоа Иван и Петар, или се некои активисти за заштита на домашните миленичиња, бидејки композицијата може да укажува и на идилична врска помеѓу двајца мажи, но и на другари кои нашле маче. Постојано повторуваме дека илустрацијата на текстот, фотографијата, мора да биде жива и јасна и со легенда што е на неа означено, секако и со извор, односно автор на фотографијата тоа овде го немаме.

Ако ова го изземеме како пропуст, позитивната рецензија е заслужена со фактот дека во мигот кога кај нас  на медиумскиот пазар како основен модел на и нформирање се нудат ефтини тривијални новинарски производи, срочени да бидат нејасни и недоискажани, со замаглена содржина и порака до аудиториумот, овде имаме успешен пример на комплексно истражување  на настан од  јавен интерес преточено во кретаивна и интересна репортажа. Притоа, испочитувани се нормите на етичкото новинарство и професионалниот кодекс.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција