Рецензија: Студентка си го одзема животот пред Филозофскиот факултет

yu-098765-0980-crop-resize

Новинарството е одговорност и ниту еден читател не е должен да биде жртва на манипулативните техники за негово привлекување. Во овој случај скандалозно се манипулира со аспектот на „блискост“ како критериум за објавување на една приказна. Имено, за една вест да биде вредна за објавување, потребно е да се исполнети некои од критериумите за „вест-вредност“. Оттука се црпи правилото дека колку еден настан се случил поблиску до местото во кое живее читателот, толку повеќе таа вест за него ќе биде поважна, попривлечна за читање и покорисна.

yuЛинк до оригиналниот напис: Студентка си го одзема животот пред филозофскиот факултет

Датум и време на објавување: 12.05.2014

Датум на рецензирање: 18.05.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

 

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ МНОГУ ВАЖНИ

И од фотографијата со која се илустрира текстот, и од одложувањето да се соопшти локацијата каде се случил настанот, се доаѓа до заклучок дека се манипулира и се доведува до заблуда читателот. Дури во вториот параграф се соопштува дека самоубиството воопшто не се случило во Македонија, туку во Србија. Сосема е непрофесионално и некоректно да се илустрира филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за случај што воопшто не се случил таму. Професионална обврска е кога се известува за настан, да се илустрира текстот со соодветна фотографија, односно со фотографија што нема да пренесе суштински погрешна порака. Кога ќе се види овој текст, првата помисла е дека самоубиството се случило на скопскиот филозофски  факултет. Дури во вториот пасус се соопштува локацијата. Ваквото очигледно манипулирање веднаш беше забележано од корисниците на социјалните мрежи. Нечесното привлекување на публиката можеби ќе донесе повеќе кликови, но кредибилитетот и довербата ќе опаднат.

Кога конечно ќе се разбере дека самоубиството се случило во Белград, не може да се дојде до изворот на информацијата. Ова лесно се постигнува на онлајн платформите, каде може да се линкува оригиналната информација, односно веста од медиумот од каде е преземена.

Студентка решила да си го одземе животот и го направила тоа додека била на факултет.

Со ова претенциозно одлагање на локацијата и овој необично несодржаен лид се манипулира уште повеќе.

 

КЛИКОВИТЕ НЕ МОРА ДА ЗНАЧАТ ОДГОВОРНО НОВИНАРСТВО

Насловот е посебна приказна за која се надоврзуваат истите забелешки од текстот. Станува збор за нецелосен наслов, кој дезинформира. Сосема професионално би можело да се додаде „во Белград“ зад постоечкиот наслов, но тоа не е сторено. Фотографијата е дополнителен ефект кој го наведува на погрешно толкување читателот.

Кога се известува за самоубиства, тоа треба да се прави одговорно и без манипулирање. Читателите може да се превеслаат еднаш преку морето на погрешните впечатоци, но со тоа ќе ја загубат довербата. Пожелно е секогаш кога се известува за било каков вид жртви, да се размислува и со разум што ќе се осврне на семејствата на сите инволвирани. Во конкретниот случај, како се почувствувале родителите на студентите на филозофскиот факултет во Скопје кога ја прочитале оваа информација? Едноставно, на секоја вест читателот е тој што дава суд колку ќе биде читана. Не манипулациите.

SOS_linija_3136-400

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција