Рецензија: Статистика: Македонските менаџери оптимисти дека ќе расте производството и ќе има нови работни места

05292014-Sitel-Statistika-crop-resize

Дури и но насловот на овој текст се сугерира дека во него ќе прочитаме статистички податоци, кои треба да го поткрепат тврдењето искажано во него дека „во наредниот период ќе расте производството и ќе има нови работни места“.

И кога ќе тргнете да го гледате ТВ прилогот или да го читате текстот објавен на интернет порталот на медиумот, од статистиката – нема ништо.

Статистичките податоци му служат на новинарот за да ги поткрепи своите, или анализите на експертите и засегнатите во нивните новинарски производи. Тие можат да бидат моќен аргумент за прогнози или за анализирање на трендови.

Се разбира, само и само доколку не се злоупотребуваат и од страна на оние што ги пласираат и од страна на новинарите. Уште повеќе, како што сугерира советот во новинарската лекција „(Не)етичко новинарство: Математички утки и статистички манипулации“, новинарскиот етички императив „трагај по вистината и известувај за неа“ налага проверка на точноста на информациите од секој извор:

„Кога изворот е лице кое е на власт, новинар(к)ите имаат етичка обврска будно да ги следат неговите изјави, да прават разлика меѓу фактите и мислењата и да го повикаат на одговорност во случај на непоткрепени фактички изјави. Новинар(к)ите треба да бидат особено внимателни кога објавуваат и анализираат егзактни статистички показатели од официјални извори.“

05292014-Sitel-StatistikaЛинк до оригиналниот напис: Статистика: Македонските менаџери оптимисти дека ќе расте производството и ќе има нови работни места

Датум и време на објавување: 26.05.2014, 21:40

Датум на рецензирање: 29.05.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Уште полоша новинарска пракса на (зло)употреба на статистиката е да се повикувате на неа, а таа, статистиката, како референца, како „име и презиме“, никаде да ја нема.

Таков пример имаме во овој текст.

Нема извор до статистиката. Која статистика? Вели „…менаџерите оптимисти дека ќе расте производството“, а нема изјава од ниту еден менаџер, ниту, пак, е спомнат некој кој го тврди тоа.

Има само една општа изјава од министерот за странски инвестиции кој им порачува на фирмите да соработуваат со компаниите во развојните зони.

Вели „драстичен раст на извозот“, а авторот на текстот не дава споредбени показатели за да видиме врз основа на кои податоци се очекува или се бележи тој „драстичен“ раст. Ќе признаете „драстичен“ е прилично моќен збор и, едноставно, налага да биде поткрепен со реални бројки.

Вака, целиот новинарски прилог е една статистичка новинарска грешка.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција