Рецензија: Сега и летувањето може да биде бесплатно

Сега и летувањето може да биде бесплатн lidermk light-crop-resize

 

Сакате да одите на одмор, или можеби на некое патување. Ви се оди во Њујорк, Барселона, или можеби уште подобро во Париз. Кога сето тоа ќе го организирате и ќе го ставите на хартија, чини  „брдо“ пари, а каде се и трошоците за сместување…?

Сепак, има начин како сето тоа да го изведете, а да не потрошите „ич пари“

Сега и летувањето може да биде бесплатн lidermk lightЛинк до оригиналниот напис: Сега и летувањето може да биде бесплатно

Датум и време на објавување: 08.06.2014

Датум на рецензирање: 11.06.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Ова е вовед во тесктот на порталот со кој ве кани да искористите една новост, која ја нуди мрежата „хоумексчејнџ“ и преку која можете да го понудите својот стан во замена за нечиј туѓ на било која сакате точка на планетата.

Оваа форма постои од 1996 година и кај нас не е можеби толку позната, ама е доста популарна, особено кај оние двојки или семејства кои имаат вишок станбен простор (два стана, стан и викендичка и слично) и кои можат да си дозволат доста комотно да скусат некои од трошоџите за годишен одмор или викенд.

Проблемот со овој текст, секако, не е во вистинитоста, туку во сокриената комерција, која се крие зад провокативниот наслов. Бидејќи, тоа секому му е јасно, нема бесплатна вечера во западното општество, а ова е токму една таква идеја. Вие ќе добиете, навистина, бесплатен покрив над главата, ама во вашиот стан некој ќе спие, ќе троши струја и вода и слично и тоа е секако некаков трошок. Потоа, можете да имате изгубена добивка (кога ве нема можете и да го издадете тој простор, па, нели, пак да заработите за одмор!), а сите други трошоци кои не мора да се ниски (како што е патот, цена на плажа, градски превоз, визата и слично) уредно ќе треба да ги самофинансирате, што го брише автоматски она – бесплатно.

Нашата проверка на сајтот покажа дека таму се плаќа членарина во клубот, која изнесува барем 100 евра годишно, која е мала ако се гледа од американски аспект, да речеме, но е голема ако се гледа од наш аспект особено на оние кои би наседнале и би влегле во процедура на зачленување. Јасно, тоа е разумна цена за некои кои мислат да одат на пат околу светот или многу месеци да минат надвор од својот дом!

На текстот секако му недостасуваат и автентични, наши извори и искуства од евентуалното користење на оваа форма, бидејќи, само така од комерцијалниот повик ќе одите кон – објективноста! Битно е на читателот да му се предочи какви се реалните трошоци, потоа, дали има уште и некакви скриени издатоци како што се осигурување и слично. Што ако, на пример,  дојдете дома и го најдете станот – ограбен? Кој гарантира дека оние кои ќе дојдат кај вас дома дале вистински податоци? Ова се едноставнио факти на кои авторот требало да даде серио0зни дополнителни информации, па дури и низ контакти со агенцијата која се нуди како посредник.

Ставањето на официјалниот портал на агенцијата како илустрација е додатен тег околу тоа дека имаме скриена реклама, бидејќи таму се нудат класични комерцијални мамки – колку посетители има веб сајтот и слично… И тоа е додаток кој ве збунува и ве тера да се запрашате дали пред вас е платена реклама или економски текст кој ви помага да се ориентирате пред да заминете на одмор.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција