Рецензија: ФОТО: Нема да верувате – еве што се падна во рацете на Царината

ФОТОНема да веруват во рацете на ЦаринатаPress24-crop-resize

Една од сѐ поприсутните појави кај информативните портали на интернет е копи/пејст пласирањето на билтени, извештаи, дневни и друг вид информатори кои ги пласираат имателите на разни информации. Веб админстраторите, бидејки, ќе се согласите, многу е тешко да ги наречеме новинари, ги копираат овие билтени, ги пастираат на нивните интернет огласни табли и мислат дека завршиле работа.

Една таква медиумска содржина анализираме и рецензираме тука.

ФОТОНема да верувате   еве што се падна во рацете на ЦаринатаPress24-002-finalЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Нема да верувате – еве што се падна во рацете на Царината

Датум и време на објавување: 11.06.2014

Датум на рецензирање: 12.06.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Читаме „чаршав“ на испишани, каталогизирани, заплени на царината и тоа е здодевно, здодевно и здодевно…

Ајде, си велиме, можеби е тоа оправдано зашто насловот најавува „нема да верувате…“ и можеби атракцијата најавена во насловот ќе го оправда овој „чаршав“. Но, ништо. На крајот од текстот читателот како балон се издишува од ништото во овој текст: „80 пара машки панталони…“, „пур пена, кабли, изолир ленти, 64 килограми текстил, 78 тоалетни води и 9 ќебиња…“, и…

Што има тука за неверување? За седум дена работа на царината?

Препишаните билтени сами по себе не се вести ниту, пак, медиумска содржина која заслужува да се чита.

Ако во неа има нешто што заслужува да биде вест, некој препознаен тренд, некоја навистина ексклузивна стока или предмет од интерес на шверцерите, тогаш од тоа може да се состави вест и тоа според сите стандарди: најважното, најновото, најинтересното – напред, во лидот на веста, потоа пасус со дообјаснувања за подршка на лидот, потоа изјава од овластено лице кое ќе го објасни трендот, занимливоста… потоа, второстепените информации…

Освен тоа, и за интернет пишувањето, исто така, има правила и препораки и тие треба да се почитуваат. Еве еден добар линк на еден од најдобрите, Јакоб Нилсен. Читајте и применувајте.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција