Рецензија: Заев со исти барања како Црвенковски – без избори сака да дојде на власт

Zaev-pregovori-09876-098-crop-resize

Ова е текст кој во најголем дел, ако не и цел е невистина. Или се работи за груби шпекулации кои преминуваат во манипулации, или, пак, станува збор за незнаење. Сѐ ми се чини дека се работи за првото.

Zaev pregovoriЛинк до оригиналниот напис: Заев со исти барања како Црвенковски – без избори сака да дојде на власт

Датум и време на објавување: 24.06.2014, 18:06

Датум на рецензирање: 25.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛОСНА МАНИПУЛАЦИЈА

Текстот е целосна невистина. Се прави една паралела која досега не се покажала за вистинита. Затоа што ниту сегашниот, ниту минатиот лидер на СДСМ, немаат никаде проговорено дека сакаат да добијат власт без избори. Затоа текстов е манипулација. Башка што тоа не е можно во демократски земји.

Нема извори на информација, туку ова е еден вид нагаѓање. Целосно коментаторски текст кој не се потрудил да обезбеди ниту одговор од засегнатите.

Инаку, се работи за текст без содржина, за нафрлена теза која наводно се обработува, но на крајот се гледа дека обидот бил неуспешен.

 

БЕЗ НОВИНАРСКИ СТАНДАРДИ

Пристрасноста и тука се гледа дека е политичка и дека има некоја цел. Се чини дека текстов бил подготвен уште пред да почне лидерската средба и само се чекало моментот да се „испука“ во јавноста.

Целиот текст е коментар без запазување на новинарските стандарди.

И овој напис се појави во повеќе медиуми и не може со сигурност да се утврди дали е прв.

Насловот дезинформира и ја извртува вистината. Уште од него се гледа како ќе биде пресликана „тезата“ во текстот.

Фотографија има само колку за илустрација и е единственото нешто вистинито во оваа приказна.

Како и во повеќето рецензии мора и за оваа да се заклучи дека се работи за текст кој е надвор од сите новинарски стандарди. Текстот арогантно се обидува да наметне теза со која би се сменило јавното мислење. Иако не верувам дека во тоа ќе успее, сепак, не смее да се заборави дека медиумите сѐ уште имаат силно влијание врз граѓаните.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција