Рецензија: Запленетата јахта на Трифун Kостовски денес лови шверцери кај Радожда

FireShot Screen Capture #298 - 'Запленетата јахта на Трифун Kостовски-crop-resize

Насловот ја содржи клучната информација, или главната вест. Тој мора да биде информативен, експресивен и економичен. Ова нешто не е непознато за новинарите, а го имаме како тема и во една наша новинарска лекција на колегата Писарев. Во овој текст, кој може и да се смета за еден вид на репортерски запис од терен, од една полициска станица на брегот на Охридското езеро, токму насловот е она што најпрвин фаќа за окото. Но, таа перцепција не се потврдува како гореспоменатото правило за тоа што треба да претставува насловот, не наоѓа потврда во самиот напис, бидејќи, предметната опсервација „одземената јахта на Трифун Костовски“ има токму толку простор подолу, една полуреченица, не наоѓајќи ја логичната врска за „гостување“ во најавата!

FireShot Screen Capture #298 - 'Запленетата јахта на Трифун KостовскиЛинк до оригиналниот напис: Запленетата јахта на Трифун Kостовски денес лови шверцери кај Радожда

Датум и време на објавување: 29.06.2014, 18:23

Датум на рецензирање:30.06.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Сепак овој дел од државната граница секојдневно го обезбедуваат припадниците на Езерската полиција, кои патролираат со глисери, јахти и со скутери на вода. Езерската полиција од лани ја користи и јахтата што му беше запленета на бизнисменот Трифун Kостовски поради неплатена царина. Денес со јахтата вредна 100.000 евра се ловат шверцери, но и се спасуваат давеници, а некогаш се превезуваат и ВИП-личности“ – стои во воведот на текстот.

Подолу имаме малку статистика, неколку сведочења за шверцот на Езерото, изјави на полицајци и сето тоа е во ред, професионално направена репортажа, ама таа не ја открива смислата на текстот, кој е најавен како „јахтата што е одземена“ на една ВИП личност!

И малото потсетување – на пример читањето на овој текст открива што сакала авторката да каже. Значи, јахтата не му служи повеќе на претседателот Иванов, туку има друга функција, иако одвреме-навреме, тоа се признава во сторијата, со јахтата се возат и познати фаци.

Всушност ако добро се споменуваме, истата е користена во функција на прошетки на индискиот инвеститор Субрата Рој по езерото. Откако тој физички е спречен да ја користи, нејзината пренамена станува посеопфатна и – логична.

Покрај тоа текстот е „малку скаран“ со фактите.

Имено, ако веќе се отвора тоа прашање (само со насловот) треба да се спомене дека јахтата не била сопственост на Трифун Костовски (!), туку на неговиот син Коста. Кон увозникот имало две години толеранција (!), а пловилото е одземено во 2008 година. Меѓу моментот на одземањето на јахтата и нејзиното полициско „вработување“ минале доволно години да се посомневаме дека постоеле и поинакви проценки за нејзината употребната вредност. Или, поинаку речено, да се посомневаме дека некој сака пост фестум да обезбеди алиби за непријатните асоцијации на водните ескурзии на индискиот милијардер.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција