Рецензија: Каде летуваат македонските новинари?

08142014-NetPress-Letuvanje-crop-resize

Темата за приватноста на јавните личности и јавноста е стара колку и медиумите. Јавните личности отсекогаш се дел од интересот на медиумите, бидејки тие, особено политичките ѕвезди, со влегувањето во оваа професија се согласиле да отстапат дел од својата приватност заради интересот на јавноста. Тоа е начин јавноста да споредува колку декларираните принципи на политичарите ги применуваат и самите тие. Со текот на времето, и новинарите станаа дел од кругот „познати личности“.  Според тоа, ако се земат правилата за тоа што е вредно да биде вест, и нивните активности генерираат информации вредни да бидат вест. Но, дури и тогаш, важат истите правила: веста да не биде селективна, да има некаков јавен интерес, макар и забавен и да бидат коректно пренесени изјавите без да бидат ставани во контекст кој е однапред определен.

За жал, медиумската информација што ја рецензираме не ги испочитувала овие правила.

08142014-NetPress-LetuvanjeЛинк до оригиналниот напис: Каде летуваат македонските новинари?

Датум и време на објавување: 13.08.2014, 13:20

Датум на рецензирање: 14.08.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Има една суптилност во пристрасноста во пристапот на оваа вест. За да се камуфлира таа пристрасност повеќе се интервјуираат опозициски отколку провладини новинари и за провладините се даваат многу помалку информации, Овие вторите се поштедени од ѕиркањето, односно истражувањето на нивните приватни профили на социјалните мрежи за да им се најдат фотографии и не им се проверуваат колумни за да се добијат дополнителни информации.

Тоа е однапред определениот контекст: Ајде да напишеме текст за тоа каде летувале „опозиционерските новинари“ и да ѝ покажеме на јавноста.

И тоа за овој тип „рекла-казала“ новинарство е доволно. Можете ли да претпоставите колку биле среќни кога еден од новинарите им одговорил „Ич к.. да не Ве боли“. Толку биле среќни што тоа го ставиле во главата на веста. На најважното место.

И внимавајте сега: Во реченицата „Ич к.. да не Ве боли“, тоа „Ве“ го напишале со голема буква. Сами себе си си персираат!!! А? Што велите на ова? Какво самопочитувачко новинартсво.

Ах, да! Семејната фотографија на колегата Јовановски е посебно лицемерие. Прво, ја нападнале приватноста зашто социјалните мрежи не се самопослуга, а потоа ја „заштитиле“ со блурирање на лица на сопругата и децата. Медиумот демонстрира почитување на приватноста.  Ајде Ви се молам! Вие го проголтавте тоа?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција