Рецензија: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич

09302014-NetPress-SDSM-vo-M-crop-resize

Во текстот што го рецензираме нема ништо од една од најбитните препораки на сите новинарски кодекси и правила – професионална дистанца од политичките субјејкти и непристрасно и избалансирано известување како што налага и Кодексот на новинарите во членот 14:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството. Застапувајќи ја независноста и неутралноста, новинарите не треба да ја преминат линијата која ќе ги одведе во ароганција.

09302014-NetPress-SDSM-vo-MЛинк до оригиналниот напис: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич

Датум и време на објавување: 30.09.2014, 11:23

Датум на рецензирање: 30.09.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Авторите на овој текст, во кој ептен се препознава потребата да нескриено да се ликува од политичката наива на еден од политичките субјекти и нивните припадници, можеле да ги испочитуваат професионалните новинарски стандарди и со истата жар да пишуваат за овој настан.

Наместо силен политички текст напишан според неопходните професионални стандарди, на публиката и е предочена медиумска содржина од која блика сеирџиство и ликување во форма на најексплицитни коментари кои со ништо не се скриени и на ниту еден начин не се обележани како такви. А, правилото кое произлегува од членот 13 на Кодексот на новинарите, вели:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“

Сепак, има нешто за што на овој текст може што може да му се оддаде признание. Тоа е видео прилогот од говорот на премиерот кој во 2011 година сосема прецизно го препознал настанот за кој се известува.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција