Рецензија: Стискаат лајкови на реклами за да заработат пари

10082014-Dnevnik-Lajkovi-crop-resize

Површно, многу површно е направена оваа новинарска сторија за можностите за заработувањето на интернет. И сосема е во право читателот на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ), кој вели дека

Текстот е неинформирачки и повеќе би го завел неупатениот читател, отколку што би го навел конкретно да дознае за можниот бизнис сугериран во насловот. “

Најголем и суштествен проблем на оваа медиумска содржина се изворите: две личности, од кои едната заработила нешто, а другата сѐ уште очекува да ги добие парите за кои смета дека ги заработила и „форумите на социјалните мрежи,“ кои никако не може да се сметаат за извори на кои еден професионален новинар би се повикувал.

10082014-Dnevnik-LajkoviЛинк до оригиналниот напис: Стискаат лајкови на реклами за да заработат пари

Датум и време на објавување: 05.10.2014, 18:24

Датум на рецензирање: 08.10.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Авторката во својот текст тврди дека контактирала неколку веб страници кои нудат работа на интернет, но дека “од ниту една од овие страници не одговорија колку луѓе заработуваат преку нив“. И во однос на ова нашиот читател, на чиј предлог ја пишуваме оваа рецензија, е во право кога вели дека неуспехот да добие информации како да било поттик да се засилат измислени претпоставки, а не мотив од други места да се побараат одговори.

Заради несеопфатноста текстот во себе нема ниту информција и повеќе би го завел неупатениот читател, отколку што би го навел конкретно да дознае нешто повеќе за бизнис сугериран во насловот, ако бизнис може да се нарече некоја активност со која заработувате 1.000 денари за шест месеци (?!?!).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција