Рецензија: Сакаш да ја ебе*ш жена ми за 1000 денари а?

001-1000-denari-0987600-99809-crop-resize face-cover

 

Овој текст е сѐ друго, освен новинарски, и тоа според многу работи. Уште од насловот, па сѐ до крајот на текстот, тој се коси со новинарските стандарди, а притоа е вулгарен и непримерен. Згора на тоа, не е претставено сѐ како што треба, иако се работи за полициски извештај, кој би требало горе-долу да има некаква рамка. Можеби во порнографските филмови и би поминал ваков наслов, но во новинарски текст ниту пет ѕвездички нема да ја спасат работата. Затоа, а и за еден куп јазични и лекторски грешки, како и морални и етички дилеми, овој текст е денеска тука на рецензија.

001-1000-denari-0987600-99809-face-coverЛинк до оригиналниот напис: Сакаш да ја ебе*ш жена ми за 1000 денари а?

Датум и време на објавување: 30.10.2014, 22:21

Датум на рецензирање: 02.10. 2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕ Е ВО МАКЕДОНИЈА

Ова е, најверојатно, текст од билтен и она за што се говори во него  се случило во Ниш, Република Србија, значи во друга држава. А во насловот и во текстот се спомнуваат денари? Вистината е дека ова не е текст за Македонија иако се сакало да се остави таков впечаток. Притоа, во Србија парична единица е динар, а не денар.

Значи, текстот манипулира уште на почетокот.

Не знам зашто се мислело дека една ѕвездичка би ја спасила работата? Зборот кога би имал и три ѕвездички би бил ескплицитен и непримерен за текст во медиум. И не знам зошто не можело да се обиде да се направи коректна вест, чиј наслов би бил, на пример: Изнудувале пари преку понуда за секс.

Текстот е содржаен според извештајот од билтенот. Полн е со граматички и технички грешки, неповрзани реченици и треба работа за да се разбере што навистина се случило.

Целата манипулација е во тоа што се сакало да се остави впечаток дека се работи за Македонија, како и во несмасноста во ставањето на насловот.

Интернетот е достапен за секого денеска, уште од најмала возраст. Затоа и не може да се остави на случајноста дека можеби некое дете нема да го забележи овој наслов. Напротив, токму тој наслов привлекува заради својата безобразна провокативност. Но, и покрај сѐ, тој лош и за очи и за уши.

Напомена: Лицата на осомничените се покриени од страна на Сервисот за проверка на факти во медиумите (СПФМ) за да не се шири објавувањето на нивниот идентитет, иако сме свесни дека за тоа сега е предоцна, зашто фотографии со нивните ликови се објавени на други места, па и во рецензираниот напис.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција