Рецензија: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето

ФОТО-Министерката-Јанкулоска-во-нормално-домашно-расположение-го-замеси-лепчето-1-fb

 

Оваа кратка фотовест содржи непроверени и неточни информации и коментари за непрецизни дефиниции, поради што го заслужи нашето внимание и е предмет на рецензија.

ФОТО  Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето   1.мкЛинкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето

Датум и време на објавување: 06.01.2015

Датум на рецензирање: 09.01.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Конечно и министерката Јанкуловска да се оддалечи од секојдневните задачи и обврски како прв човек на МВР и како секоја нормална мајка, сопруга и домаќинка да го замеси Бадниково лепче.“

Она што прво паѓа в очи кај читателите, во оваа кратка вест е зборот „мајка“, кој наведува дека министерката Јанкулоска станала мајка, информација која е неточна, барем колку што е досега познато во јавноста. Ако авторот на овој текст имал дополнителни информации, требалo да ги поткрепи со докази и со извори, а не да создава забуна кај читателот. Втората работа, за која се одлучивме да го рецензираме овој текст е посочувањето дека Јанкулоска месела лепче „како секоја нормална сопруга и домаќинка“. Тука веднаш се наметнува прашањето: што е тоа нормална сорпуга и домаќинка и дали постои дефиниција за тоа? Ако постои, треба да се наведе во текстот. Во спротивно, се наметнува дилемата дали оние жени кои не го замесиле бадниковото лепче туку, можеби, го нарачале, не се „нормални сопруги и домаќинки“?

„Инаку денес сите христијани го слават Бадник и секако се меси лепче со паричка.“

И ова е неточна информација. На 6 јануари не сите христијани го слават Бадник. На овој датум Бадник го слават само православните христијани, а не и католиците и протестантите. Не е точно и дека на овој ден задолжително се замесува лепче со паричка. Меѓу православните христијани има такви кои замесуваат лепче со паричка на денот Василица, а не на Бадник.

Оваа кратка фотовест многу подобро би изгледала кога би се навела само фотографијата со веста дека министерката замесила лепче за Бадник. Во обид да се биде покреативен, во десетина реда текст „од памет“ се прават грешки, за што класичен пример е оваа вест.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција