Рецензија: Британка без матка роди близнаци

Макфакс-Британка-без-матка-роди-близнаци-crop-resize

 

Насловот на овој текст е непрецизен и збунувачки. Британка без матка родила близнаци! Логички е веднаш да се наметне прашањето како е тоа можно, кога природата одредила поинаку? Дали тоа значи дека и мажите се способни да раѓаат деца? Читајќи го текстот, кај читателот се редат низа прашања, чиј одговор се открива дури на крајот, во последните реченици. Написот е нецелосен и нема никакви извори и линкови од каде е преземен, што отвoра сомнеж за неговата вистинитост.

Макфакс   Британка без матка роди близнациЛинкуван наслов на анализираниот напис: Британка без матка роди близнаци

Датум и време на објавување: 02.02.2015

Датум на рецензирање: 05.02.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Хејли Хејнс е родена без матка, но и покрај сè, по успешното лекување и со методот „ин витро“ стана мајка на две девојчиња.“

Не е во ред да се тврди дека жена без матка родила деца, кога тоа не е возможно. Природата одредила жените да можат да раѓаат благодарение на женските репродуктивни органи. Плодот се развива во матката и, според тоа, невозможно е жена без матка да донесе на свет новороденче. Постојат случаи во медицината кога на жени им се вршела трасплантација на матка, за да им се овозможи да станат мајки, но без матка, тоа е веќе фантастика.

Дури на крајот од текстот, станува јасно дека Британката родила близнаци, но со матка. Всушност, таа имала недоразвиена матка, која лекарите ѝ ја откриле подоцна, и која со хормонална терапија успеале да ѝ ја развијат.

„Набргу лекарите им ја вратиле надежта, откако откриле дека жената има недоразвиена матка. Со помош на хормонална терапија тие успеале да ја развијат, да биде во состојба да носи дете. Веројатноста за забременување била 60%, но и покрај тоа, Хејли и Сем станале среќни родители на близнаците Ајвори и Дарси, кои се со одлично здравје.“

Текстот би изгледал поубаво и би бил попрецизен доколку на почетокот авторот објаснил за што станува збор, а не да го остава во заблуда читателот до самиот крај. Во написот не се користени никакви извори ниту, пак, линкови од каде е преземен. Доколку се пребара на интернет, лесно може да се дојде до оригиналната верзија, која е објавена во британски „Мирор“. Во оригиналната верзија, уште во насловот се најавува дека „Жена која генетески била родена како маж, родила близнаци, откако лекарите ѝ ја пораснале матката“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција