Исполнето: Изградена нова детска градинка во Капиштец

Фото: Скриншот

Наша цел е општина Центар да биде општина со најдобро целодневно окружување на нашите најмлади сограѓани, и во смисла на условите за престој и во смисла на квалитет на нега и воспитување. За таа цел, во претстојниот четиригодишен период ќе пристапиме кон кон изградба на нова детска градинка во Капиштец (наведено како една од неколкуте активности за општина Центар во предизборната програма, делот “Центар-општина со најдобри детски градинки”) Буџет: 112 000 000 денари од буџет на општина Центар Рок: [јуни 2015]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на нова детска градинка во Капиштец е содржано во предизборната Програма на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, за локалните избори (2013-2017).Ова  ветување Вистиномер првпат го анализираше во март 2015 година, кога градинката беше сè уште во изградба.

Во почетокот на јули 2014 година Општината Центар ги започна подготвителните работи и отстранување на стариот објект на градинката „Кочо Рацин“ во Капиштец.

Општината Центар ги започна подготвителните работи и отстранувањето на стариот објект, по што ќе почне изградбата на нова, современа градинка, во која децата ќе се вселат во јуни наредната година (2015). Во моментов 170 деца се сместени во четири други клонови на градинките на територијата на општината.  [Пристапено на: 23.03.2015] [Ажурирано: 06.02.2016]

Информацијата за стартот на подготвителните работи за изградба на новата градинка и за тоа колку пари се издвоени од Буџетот на Општината за овој проект, беа објавени и на официјалната страница на Општина Центар (јули 2014).

Новата градинка во Капиштец ќе има 2000 м2, ќе биде на 2 спрата и ќе го зголеми опфатот на деца од 170 на 250. Буквално се во градинката ќе биде ново, на сензор, ќе биде градена според стандардите за енергетска ефикасност, кујната ќе биде по ХАСАП стандардите, дворот ќе биде збогатен со 40 високо стеблести дрвја, ќе се реконструира детскиот брод, а за децата ќе бидат набавени нови, квалитетни играчки. За новата градинка општина Центар издвои 112.000.000 денари од новиот буџет.   [Пристапено на: 23.03.2015] [Ажурирано: 06.02.2016]

На 05.10.2014 започна да се гради новата градинка “Кочо Рацин” , на местото на постоечките дотраени бараки на градинката помеѓу улиците “Козара” и “Васил Ѓоргов”. На 08.10.2014 година официјално  беше означен стартот на работите на новиот објект, а децата од градинката „Кочо Рацин“ ја пресекоа црвената лента заедно со градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски. [Пристапено на: 23.03.2015] [Ажурирано: 06.02.2016]

На 01.07.2015 година, Жерновски, при посетата на новиот објект (којшто тогаш беше во фаза на карабина), рече дека при изградбата се користени  најсовремени материјали, дека градинката ќе има енергетски ефикасна фасада со тројна термичка заштита. Тој  нагласи дека за првпат во Македонија во образовна институција се поставува кровен противпожарен панел кој издржува до 180 минути. Исто така, кажа дека  подовите се антиалергени, антибактериски и со вградено подно греење, како и тоа дека меѓу просториите ќе има звучна изолација. Во оваа пригода Жерновски најави дека децата ќе можат да се вселат во новата градинка наесен.

…Планираме да децата веќе влезат во месец септември и со тоа да дојдеме до главната цел, а тоа е да добиеме убедливо најдобра, најсовремена градинка во Република Македонија (од 1,13 до 1,23 минута од видеото[Пристапено:06.02.2016]

На 28.10.2015 година свечено беше отворена градинката.

Денеска напладне (28.10.2015 н.з.) во скопската населба Капиштец беше пуштена во употреба реновираната градинка „Кочо Рацин“. Новите простории на градинката се како од бајките: весели шарени масички и столчиња, удобни креветчиња и безброј убави играчки.  [Пристапено:06.02.2016]

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека ветувањето е исполнето, со забелешка дека  првично најавениот рок за негова реализација (јуни 2015) е пробиен за пет месеци.

ЛИНКОВИ:

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција