Игор Трајкоски
Игор Трајкоски е градоначалник на Општина Дебарца
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Игор Трајкоски е роден на 24 март1981 година, во село Ботун, Дебарца. Оженет е и е татко на едно дете.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно образование завршил во ОУ „Дебарца“ во селото Белчиште, а средно во Битола, во ЗУЦ „Кузман Шапкарев”, каде се стекнал со звање ветеринарен техничар.
Високо образование завршил во Битола, на универзитетот „Св. Климент Охридски”, на Факултетот за биотехнички науки и се стекнал со звање дипломиран биотехнолог.
Говори англиски јазик.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Од 2009 година бил вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање како државен инспектор за животна средина во Град Охрид.
На 17 април 2013 година, откако победи на локалните избори, станува градоначалник на општина Дебарца.
ИЗВОРИ
Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013 стр. 11
Општина Дебарца – Градоначалник на општина Дебарца
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар