Скопје од 2008 година е без автопазар

Ништо од новиот автопазар. Фото: Flickr

 

Проект: Нов Авто пазар

Опис на проектот: Град Скопје, во соработка со Општина Гази Баба, ќе работи на изградба на нов автопазар. (Рок: 2016-2017 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната програма за локалните избори во 2013 година, актуелниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски вети и изградба на нов автопазар. Автопазарот, според неговото ветување (Урбанизам, Булевари, Мостови, точка 5, стр.53), требаше да биде изграден на територијата на Општина Гази Баба, а рокот на изградба беше 2016-2017 година. Ова  негово изборно ветување  досега (27.03.2017), не е исполнето.

Со детално пребарување на интернет, кое ги опфаќа сите информации објавени на оваа тема, како и со детално пребарување на официјалните сајтови на Град Скопје и на Општина Гази баба, не може да се најде ниту една вест или која било друга информација за реализација на ова ветување.

Последните вести се од 2013 година, како вест што ја лиферувала општината преку својот портпарол, како и во Стратешкиот план на Градот Скопје за периодот 2016-2018 година (стр.59). Но, вест за изграден и пуштен автопазар нема.

Скопје остана без централен и голем автопазар при крајот на 2008 година, кога компанијата која управуваше со него цели 18 години, „Фершпед“ реши да го затвори, а причините ги образложи како деловни.

Одлуката уследи по рации извршени од инспекциските служби, заедно со Управата за јавни приходи.

Две години по ова беше затворен и автопазарот во Маџари, исто така, по извршени инспекции и рации.

Оттогаш до денес, граѓаните на Скопје немаат единствено место каде што можат да побараат половен автомобил или авто делови. Тоа се прави на низа помали паркинзи од поголеми или помали компании кои се занимаваат со продажба на возила – нови или половни.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција