Роберт Поповски
Министер без ресор во Владата на РМ, предводена од Зоран Заев од 2017 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден на 14.05. 1967 во Скопје. Поповски е оженет и татко на две деца
ОБРАЗОВАНИЕ
-По образование е новнар. Има студирано и дипломирано на Интердисциплинарните студии по новинарство при УКИМ во Скопје од втората половина на осумдесетите години на минатиот век
КАРИЕРА
-Од 1987 г., најпрво како хонорарен, а потоа и како професионален новинар работи во повеќе медиуми во Македонија, почнувајќи од МТВ, Вечер, Нова Македонија, Сител, Канал 5…најдолго се задржува во Канал 5, водејќи ја емисијата X/O, од 2004 до 2012 година
-Од 2012-2013 година е слободен новинар и сопственик на фирма за продукција и консултантски усуги
-Од 2013 станува Советник на Претседателот на СДСМ Зоран Заев за комуникација и креирање политики
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
– Министер без ресор во Владата на РМ, предводена од Зоран Заев од 31.05.2017
ИЗВОРИ:
-Собрание на РМ – Предлог за состав на Влада на РМ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар