Град Скопје продолжи да дава субвенции за велосипеди

Град Скопје ќе им надомести дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат велосипед до 31 август годинава Фото: pixabay.com

 

ВЕТУВАЊЕ:  Ќе продолжиме со субвенции за купување велосипеди

[Извор: Живот во Скопје! За сите! – Изборна програма на Петре Шилегов, градоначалник на град Скопје (стр.19), датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Како еден од важните приоритети на новиот скопски градоначалник Петре Шилегов, во неговата изборна програма  „Живот во Скопје за сите“ за локалните избори (октомври 2017),  беше наведена заложбата за  „Скопје вело-град“ (стр.29).  Во рамките на оваа заложба,  една од конкретните мерки е градот да го субвенционира купувањето на нов велосипед за сите заинтересирани граѓани. Пред неколку дена медиумите објавија информација дека Градот распиша јавен повик со кој граѓаните ќе имаат можност да добијат субвенции за купување на велосипед, па ова изборно ветување на Шилегов и неговата политичка опција го оценуваме како исполнето.

Со јавниот повик, Град Скопје ќе им надомести дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат велосипед до 31 август годинава и тоа во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50 проценти од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Во јавниот повик е наведено дека тој ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“, а услов за добивање на надоместот било граѓанинот да биде жител на Град Скопје и досега да нема добиено субвенција за набавка на велосипед.

Да потсетиме, субвенции за купување на точаци прва на граѓаните почна да им дава Општина Центар, за време на мандатот на претходниот градоначалник Андреј Жерновски, во 2014 година, а ова мерка во април 2017 година ја прифати и  Коце Трајановски, тогашниот градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Најава за  субвенционирање на купувањето велосипеди за жителите на нивните општини годинава има и од општините Центар и Карпош.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Југослава Дуковска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција