Никола Груевски: Македонија е ниско задолжена земја

„Најповиканата институција во светот, што може да каже дали Македонија е ниско задолжена или презадолжена, како што беше претходно, стави точка на тоа и кажа дека Македонија е ниско задолжена земја, а јас би рекол една од најниско задолжените земји во Европа и во апсолутна и во релативна смисла. Мислам дека сме меѓу две или три најниско задолжени земји во Европа, според процентот на бруто домашниот производ.“ [Датум: 14.12.2011 | Извор: Канал 5 Телевизија]

Образложение:

Според информациите во извештајот на ММФ за задолженоста на европските земји, Македонија е навистина една од најниско задолжените земји во Европа, односно меѓу топ 3 во однос на бруто јавниот долг и меѓу топ 5-6 во однос на нето јавниот долг.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција