Kallxo.com: Лажна е веста дека пратеничката Ганимете Муслиу е заразена со Ковид-19
„Ганимете Муслиу ја продолжи својата работа како пратеничка и покрај тоа што неколку Фејсбук страници пласираа информации дека таа, наводно, е заразена со Ковид-19“, пишува Сервисот за проверка на факти во Косово – Каllxo.com.
Имено, Фејсбук страниците: „Влада КУРТИ“ и „51% со Албин“ ја критикуваа пратеничката Муслиу за невнимание и се посомневаа дека иако, е заразена со Ковид-19, сепак оди на работа. А, притоа ги повикаа и пратениците да држат растојание со неа.
Пратеничката од редовите на Демократската партија на Косово (ПДК), Муслиу одржа говор пред пратениците во Собранието на Косово и го осуди лажните вести кои беа дистрибуирани на социајалните мрежи дека таа наводно е инфицирана со коронавирус. Муслиу рече дека веста е лажна и дека се обиделе да ја претстават како неодговорна и опасна за нејзините колеги и дека за случајот е информирана и косовската полиција.
Имајќи го предвид сето ова, Kallxo.com споменатите информации за пратеничката Муслиу ги оцени како невистинити.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар