Kallxo.com: Лажна е веста дека пратеничката Ганимете Муслиу е заразена со Ковид-19

Фото: Кallxo.com

 

„Ганимете Муслиу ја продолжи својата работа како пратеничка и покрај тоа што  неколку  Фејсбук страници  пласираа информации дека таа, наводно,  е заразена со Ковид-19“, пишува Сервисот за проверка на факти во Косово – Каllxo.com.

Имено, Фејсбук страниците: „Влада КУРТИ“ и „51% со Албин“ ја критикуваа пратеничката Муслиу за невнимание и се посомневаа  дека иако,  е заразена со Ковид-19, сепак оди на работа. А, притоа ги повикаа и пратениците да држат растојание со неа.

Пратеничката  од редовите на Демократската партија на Косово (ПДК),  Муслиу одржа говор пред пратениците во Собранието на Косово и го осуди лажните вести кои беа дистрибуирани на социајалните мрежи дека таа наводно е инфицирана со коронавирус. Муслиу рече дека веста е лажна и дека се обиделе да ја претстават како неодговорна и опасна за нејзините колеги и дека за случајот е информирана и косовската полиција.

Имајќи го предвид сето ова,  Kallxo.com  споменатите информации за пратеничката Муслиу ги оцени како невистинити.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција