Kallxo.com: Лажна вест е дека топлото време го убива коронавирусот

Фото: Kallxo.com

Последните недели, како во регионот така и во Косово, се шират дезинформации дека топлото време го „убива” коронавирусот. Така на пример,  порталот „Телеграф.ал“ објави напис со наслов: „Топлината го убива коронавирусо, заборавајте на ладните пијалоци… еве неколку вредни совети“. Порталот: „ЈОЌ-Албанија“ , пак, објави текст со наслов : „Доктор: Вирусот се убива на повеќе од 26 степени Целзиусови “, додека во„ Opinion.al се појави напис насловен:„Изложеност на топла вода и сонце, доктор: Коронавирусот умира на 26 степени“ ,известува Сервисот за проверка на факти во Косово – Каllxo.com. .

Светската здравствена организација (СЗО) пред неколку месеци на нејзината официјална страница  објави  дека изложеноста на сонце, или на високи температури – повисоки од 25 степени не спречува, ниту пак, лекува COVID-19.

Имајќи го предвид ваквиот став на СЗО,  Кallxo.com  oваа информација ја оцени како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција