Еувсдисинфо: Време на избори и дезинформации

Во ова време на избори насекаде во светот, на про-Кремљ медиумите, дефинитивно, не им е лесно. Да почнеме со Молдавија. Според овие медиуми, САД, наводно, ја подготвуваат опозицијата во Молдавија за масовни протести, па дури и за шарена револуција. Но, зошто САД би направиле такво нешто? Бидејќи, наводно, Молдавија  игра стратешка улога во американската политика на ограничување на влијнието на Русија,  пишува „Еувсдисинфо“ во нивната последна анализа.

И, иако про-Кремљ медиумите  ги имаат „пред очи“ своите вообичаени цели како: Нагорно Карабах, вакцината против Ковид, Белорусија и Украина, тие, исто така, внимаваат и на изборите во САД .

Во таа смисла „Еувсдисинфо“ наведува дека, на пример, еден ваков медиум, наводно го цитира „Гардијан“ и тврди дека околу 60 проценти од граѓаните во девет сојузни држави во САД не ги добиле своите гласачки ливчиња по пошта, но и дека ОБСЕ го доведува во прашање легитимитетот на изборите. Во реалноста, тврдењето за 60 проценти е целосно измислено, исто како и тврдењето дека ОБСЕ ја оспорува легитимноста на изборите во САД во 2020 година.

Сепак, ова не е ништо ново или шокантно. Повеќепати досега се покажа дека про-Кремљ медиумите не се информативни гласила, туку дел од индустријата за дезинформации, пишува „Еувсдиснфо“.

И дезинформациите се уметност. Талентираните креатори на дезинформации секогаш успеваат да дојдат до вистински бисер. Кога вистински дезинформатор се соочува со такво откритие, тој внимателно го зема, го става на кадифена перница, го набљудува од секој агол и полека го пушта за да ужива во композицијата направена со толкаво внимание и страст, се вели во анализата на „Еувсдиснфо“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција