Никола Тодоров: Буџетот за здравство е 6 пати поголем од времето на владеење на СДСМ

Во времето на владеењето на СДСМ само 0,50 отсто од вкупниот буџет бил за здравство за сега таа бројка да е 3,27 или 6 пати повеќе. [Датум: 04.07.2012 | Извор: Сител]

Образложение:

Буџетот на министерството за здравство за 2012 година изнесува 5,5 милијарди денари, а вкупниот буџет на Република Македонија за 2012 година изнесува 169 милијарди денари. Изразено во проценти, буџетот на министерството за здравство опфаќа 3,27% од вкупниот буџет за 2012 година.

За споредба, буџетот на министерството за здравство за 2006 година (последната година кога СДСМ беше на власт) изнесувал 835 милиони денари, а вкупниот буџет на Република Македонија за 2006 година изнесувал 105 милијарди денари, или во проценти 0,79% од вкупниот буџет одел за министерството за здравство.

За 2005 година, буџетот на министерството за здравство изнесувал 606 милиони денари, или 1,02% од вкупниот буџет од 59,2 милијарди денари.

За 2004, буџетот на министерството за здравство бил 107 милиони денари, или 0,17% од вкупниот буџет од 59,7 милијарди денари.

Во 2003, буџетот на министерството за здравство од 80 милиони денари претставувал 0,13% од вкупниот буџет од 59,2 милијарди денари за таа година.

Средната вредност од овие 4 години кога СДСМ е на власт изнесува 0,52%. Според ова, изјавата на министерот Тодоров дека во времето на владеењето на СДСМ само 0,50 отсто од вкупниот буџет бил за здравство, за сега таа бројка да е 3,27 или 6 пати повеќе, може да се оцени како вистинита.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција