Аднан Ќахил
На 31.05. 2017 година Аднан Ќахил е избран за министер без ресор во Владата на Република Македонија.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Аднан Ќахил е роден на 03.02.1960 година во Скопје.
Зборува турски, македонски, англиски и албански јазик.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно и средно образование завршил во Скопје. Високо образование на хемискиот факултет Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во 1984 година. Постдипломски студии завршил на ПМФ, магистрирал и е пред одбрана на докторската дисертација.
КАРИЕРА
Работел како наставник во ОУ Тефејјуз – Скопје, бил процесен и главен инзињер во Охис, а од 1990 годинапрофесор по хемија во „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Од 1998 година до денес – професор на Педагошкиот факултет Скопје.
1998-2000 година- министер без ресор,
2000-2002 година – државен советник на премиерот,
2002-2006 година – пратеник во Собрание на РМ,
2006-2008 година- министер без ресор во Влада на РМ.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Од 1998 година е претседател на Партија за движење на Турците во Македонија.
СПОРТ
Аднан Ќахил е тренер во карате клуб „Вардар“ и меѓународен инструктор на ВСКФ федерацијата во Токио за Европа.
ИЗВОРИ
- Собрание на РМ: Предлог за состав на Влада на Република Македонија
- Википедија на македонски : Аднан Ќахил
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар