Алфред Цако повторно ja мами јавноста

Непрофесионалните медиумски производи претставуваат сериозен ризик за јавното мислење. Ризикот станува уште поголем кога на нерелевантни лица им се дава медиумски простор да шират хаос и паника кај читателите. Типичен пример за ова е содржината што ја рецензираме, во која контроверзна личност, која веќе стана „јавна личност“, без никакви факти или научни извори тврди дека за еден месец светот ќе се соочи со нова пандемија.

 

Сензационалниот наслов и страшната илустративна слика се двата главни елементи кои го привлекуваат читателот да кликне на содржината што се прикажува на екранот. Таква е содржината што ја рецензираме со наслов „Aлфред Цако предупредува за најлошото: „По еден месец ќе има нова корона која ќе ви ја лупи кожата”. Содржината првично е објавена на порталот „Лајми и фундит“ на 7 август, а пред неколку дена истата е споделена на социјалните мрежи. „Лајме Шќип” е профилот на Фејсбук каде што содржината добила стотици реакции и десетици споделувања од други корисници на Фејсбук.

 

Тоа што овој медиумски производ не исполнува ниту еден новинарски критериум воопшто не беше проблем да го привлече интересот на јавноста. Прилично е вознемирувачко тврдењето во гореспоменатата содржина, во која се вели дека за кратко време луѓето ќе се соочат со нова пандемија. Според тврдењата за содржината, оваа пандемија ќе биде уште потешка од ковид пандемијата и ќе им ја излупи кожата на луѓето.

 

Сите наводи се засноваат на личните коментари и убедувања на теоретичарот на заговори Алфред Цако. Тоа е предвидување кое не содржи никаков аргумент и факт што би ве натерал да верувате дека тоа што го кажува Цако може и да се случи.

 

Загрижува фактот што некои медиуми, само за што повеќе кликнувања и што поголема гледаност на нерелевантни лица им даваат медиумски простор да шират хаос и паника кај граѓаните.
Двата медиумски канали кои ни ја пренесуваат оваа „информација“ се контрадикторни. Содржината првпат беше објавена на 7 август, додека на социјалните мрежи истата содржина се сподели на крајот на октомври. Така, објавата на Фејсбук ги демистифицира тврдењата на Цако изнесени во август годинава, и иако поминаа околу 2 месеци, гледаме дека светот не се соочува со нова пандемија!

 

Во Порталб.мк неколку пати е коментирана контроверзната фигура на Алфред Цако, кој со своите хипотетички коментари шири дезинформации и неизвесност во јавноста.  Сите негови коментари се засноваат на теории на заговор, а не на научни факти. Дезинформациите на Цако еволуираат во зависност од тоа како се одвива ситуацијата со ковид 19.

 

Кој е Алфред Цако, експертот за ковид, политичар, публицист…?

 

Алфред Цако е контроверзен лик од Албанија, кој и стана познат на јавноста од почетокот на глобалната пандемија со ковид 19. Цако постојано шири дезинформации за пандемијата со која се соочува целиот свет. На почетокот на пандемијата Цако стана познат по неговите остри коментари со кои се доведува во прашање постоењето на пандемијата, подоцна реториката на Цако се промени и тој вели дека ковид „е биолошко оружје преку кое се планира депопулација на светот“.
Со еволуцијата на пандемијата и развојот на вакцината против ковид 19, еволуираа и теориите на Алфред Цако. Цако одигра клучна улога во кампањата против вакцинацијата, која шири паника и хаос во јавноста тврдејќи дека со вакцината во нашето тело ќе се вметнат микрочипови, потоа Цако изјави дека вакцината ќе ја промени генетската структура на организмот и на крај Цако тврдеше дека вакцината ќе ги ограничи годините на човечкиот живот. За да го задржи интересот на јавното мислење Цако постојано измислува нешто ново, конечно ја има и теоријата во содржината што ја рецензираме.

 

Освен како експерт за пандемијата, Алфред Цако е познат и како политичар. Албанските медиуми објавиле дека Цако бил кандидат на Новиот Демократски дух во општина Корча.
Алфред Цако е и публицист кој има своја издавачка куќа. Тој на пазарот постојано пласира книги во кои се третираат теории на заговор.

 

Пандемиите постоеле и ќе постојат

Непобитен факт е дека светот се соочувал со пандемии во минатото и дека човештвото ќе се соочува со пандемии и во иднина. Историските записи зборуваат за некои големи глобални пандемии кои имале големи последици врз човештвото.
Големата Чума или Црната Смрт се проширила помеѓу 1347 и 1351 година и предизвикала смрт на 1/3 од населението во средновековна Европа.
Пандемија на колера – Епидемијата продолжува повторно да се појавува и во 21 век, првите шест пандемии на колера се појавија во следните години:
Првата: 1817 – 1824
Втората: 1829 – 1937
Третата: 1846 – 1860
Четвртата: 1863 – 1875
Петтата: 1881 – 1886
Шестата: 1889 – 1923 (Извор: Eнциклопедија Британикa)
Пандемија на шпанскиот грип – Шпанскиот грип е познат како една од најопасните пандемии во историјата на човештвото, според бројот на предизвикани смртни случаи. Пандемијата на шпанскиот грип се појави во текот на 1918-1919 година и предизвика смрт на околу 50 милиони луѓе.

 

Научниците предупредуваат дека во иднина човештвото ќе се соочи со нови пандемии, но никој не знае кога може да избувне нова пандемија и колку ќе биде опасна. Не постои научен извор кој го подржува тврдењето дека „по 1 месец ќе се појави нова пандемија од која ќе ни се лупи кожата“!.
Развојот на науката и технологијата не може да го спречи избувнувањето на нова пандемија, но несомнено е голема помош во борбата против пандемијата. Постојат научни алатки за да се создаде еден вид оддел за заштита од вируси – што ќе им овозможи на научниците да продолжат со работа на витални глобални проекти, од развојот на вакцини и лекови кои се ефикасни против многу патогени, па се до мониторирање на жариштата на болестите и идентификација на потенцијални познати и непознати високо ризични вируси.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција