АНАЛИЗА: Цените на становите во „тивок“ пад, условите за станбени кредити „олабавени“

Фото: Portalb

Од 1.100 евра за квадратен метар во Аеродорм до 900 евра за квадратен метар во населба Карпош 4 – цените на становите се детерминирани од различни фактори, локација, годината на изградба. Но, кризата поради Ковид -19 не го заoбиколи ниту овoј бизнис, особено градежништвото преку високоградба – односно изградбата на станови. Официјалните статистики покажуваат драматичен пад на издадени одобренија за градба, но и стагнација на цените на становите, пишува неделната анализа на Portalb.mk.

 

ЈАВНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ – НИСКОГРАДБА „МОТОР“ ЗА ГРАДЕЖНИШТВОТО

За скоро 30% се намалил бројот на одобренија за градба во април годинава во споредба со истиот месец лани, а значаен пад има и кај вредноста на објектите. Во четвртиот месец од годинава, кој беше еден од економски најкртитичните, поминат во полициски час и големи рестирикции за деловните субјекти, предвидената вредност на објектите за кои биле издадени одобренија за градба изнесувала 59,5 милиони евра, што е за дури 31% помалку во однос на април 2019 година.

 

Во април 2020 година се издадени 173 одобренија за градење, што е за 27.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 657 228 илјади денари, што е за 31.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година – соопштуваат од Заводот за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 53.2 % се наменети за објекти од високоградба, 10.4 % за објекти од нискоградба и 36.4 % за објекти за реконструкција. Според компаративните податоци на „Порталб“, лани во април биле издадени дури 122 одобренија за вискоградба, однос за изградба на станови, за разлика од сегашните 92 одобренија за градба.

                         Одобренија за високоградба                Одобренија за нискоградба

 

2019  април                      122                                                     35

2020 април                         93                                                     80

 

Додека бизнисот со изгрaдба на станови е во пад, расте бројот на одобренија за градба на патишта, и токму овој сегмент од градежништвото го „одржува во живот“ овој сектор. Градежништвото во првиот квaртал од оваа година, кој поради здравствената криза заврши со стагнација, испорача раст од 1,5%. Овој благ пораст во градежниот сектор следува по четвртиот квартал од 2019-та година, кога временскиот фактор „го замрзна“ овој бизнис.

Поволните остварувања кај вкупните извршени градежни работи се резултат на високите стапки на раст забележани и кај нискоградбата каде има  значително забрзување во однос на растот во четвртиот квартал, но и кај високоградбата, наспроти малиот пад во четвртиот квартал се наведува во најновиот економски извештај на Народната банка.

Градежништвото беше еден од носечките сектори за растот на вкупната економија, но по 2015 та , стапките на раст се во постојано намалување. Во 2015-та годишната стапка на раст на градежништвото била 8%, во 2016-та е во минус со 2,8%, во 2017-та се крева на 1,6%, во 2018-та повтрно влегува во негативна зона од 11,9% , а во 2019-та бележи раст од 5,9%.

 

СТАНБЕНАТА ИЗГРАДБА ВО „РИКВЕРЦ“

Дел од бизнисмените од градежниот сектор веќе алармираат дека состојбата станува алармантна бидејќи има застој во градежните работи од една страна, но и воздржаност на страната на побарувачката од друга страна.

Според најновите статистики на НБМ, во првиот кавртал од 2020 -та во однос на четвртиот квартал од 2019-та, цената на становите е зголемена за незначителни 0,4% додека годишната стапка на раст изнеусва само 1,7% која е најниска во споредба со стапките во сите економски кавртали во 2019-та година.

Додека бизнисот за изградба на станови „хибернира“, банките се обидуваат да ги мотивираат граѓаните да земаат станбени кредити. Имено, најновата анкета спороведена меѓу банките покажува дека една третина од нив сметаат дека условите за одобрување на станбени кредити се олеснети со намалување на каматите.

Поголем процент на банкиоколу 29%, укажуваат на олеснети кредитни услови кај станбените кредити во споредба со претходната анкета кога ваква оценка дале околу 8% од банките, додека останатите банки укажуваат на непроменети кредитни условиОд аспект на поединечните кредитни услови, кај каматната стапка на кредитите за домаќинствата и понатаму се забележува нето-олеснување коешто е малку поизразено кај станбените кредити, додека кај потрошувачките кредити е малку послабо се наведува во анектата на НБМ.

Во следниот период е предвидена изградба на 835 станови, со вкупна корисна површина од 62 697 квадратни метри. Во Скопје, најмногу станови е планирано да се градат во Аеродром – 317, Центар -74, а од другите градови според бројот на планирани станови во градба се издвојуваат Велес- 108 , Дебар -102,  Гевгелија – 69, Гостивар-58 и Охрид- 42. 

Дел од градежниците од Владата побараа помош и логистика за овој сектор преку намалување на комуналиите, односно трошоците за градба. Владата за време на вонредната состојба донесе три Уредби со кои се таргетираше градежниот бизнис, а се однесуваа на продолжување на важноста на лиценците и овластувањата поврзани со градба и изработка на урабнистички планови, а фирмите од овој сектор имаа право да аплицираат и за државна помош по различни основи, исто како и компаниите од другите индустрии и дејности.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција