АНАЛИЗА: Ден на штедење – 51 отсто од депозитите во земјава се во домашна валута, банките во „лов“ на штедачи

Фото: portalb.mk

По вторпат годинава вкупните депозити се со негативен тренд. На крајот на третиот квартал регистриран е пад од 0,2 отсто. Граѓаните и корпоративниот сектор во банките чуваат 8,2 милијарди евра. Со затегнување на монетарната политика е регистриран раст на каматите за штедење откако се зголемија каматите за кредитите, пишува Порталб.мк. Каква е состојбата со штедењето во земјава во пресрет на 31 октомври – Светскиот ден на штедењето?

По вторпат годинава вкупните депозити се со негативен тренд. На крајот на третиот квартал регистриран е пад од 0,2 отсто. Граѓаните и корпоративниот сектор во банките чуваат 8,2 милијарди евра. Со затегнување на монетарната политика е регистриран раст на каматите за штедење откако се зголемија каматите за кредитите, пишува Порталб.мк. Каква е состојбата со штедењето во земјава во пресрет на 31 октомври – Светскиот ден на штедењето?

 

 

На крајот на септември „пад“ на штедењето

За рочност од 13 месеци, за 30.000 денари промотивна камата од 3,5 отсто. За истиот период и истиот износ во евра камата од 2,3 отсто.

За депозити во денари со рочност од три години и минимален износ од 2.500 евра камата од 3,5 отсто.

Ова се само дел од понудите на банките во октомври – месецот на штедењето. Забележливо е дека се нудат генерално повисоки камати во споредба со минатата година, но сега со акцент на каматите за штедење во денари. Додека банкарите се обидуваат да привлечат депозити, новите податоци за штедењето покажуваат дека третиот квартал од годинава завршил со негативен предзнак кај штедењето, пад од 0,2 отсто. Компаративните податоци на Народна банка покажуваат дека годинава по втор пат се регистрира „топење“ на депозитите, во првиот квартал 0,9 отсто, а во вториот раст од 1,2 проценти.

На крајот од септември вкупната депозитна база изнесувала нешто над 8,3 милијарди евра. Од нив 2,4 милијарди евра се пари на корпоративниот сектор, а 5,4 милијарди евра се депозити на домаќинствата.

Вкупните штедни влогови во третиот квартал се намалени за околу 15 милиони евра и падот е регистриран кај депозитите на корпоративниот сектор, односно на фирмите. На крајот на третиот квартал во споредба со вториот депозитите на фирмите се намалени за околу 33,5 милиони евра или 1,4 отсто, при што негативен тренд има и кај денарското и девизното штедење на фирмите.

 

Денарски и девизни штедни влогови

Кај компаниите доминира штедењето во денари, а кај домаќинствата во девизи. Споредбената анализа на „Порталб“ направена врз основа на податоците од Народна банка покажува неколку интересни трендови и состојби.

Така, 51 отсто од вкупните штедни влогови се во денари, а останатите 49 проценти се во странска валута, со доминација на еврото.

Во однос на валутната состојба на крајот на минатата година, во третиот квартал има раст кај денарското штедење.

Со повеќекратното затегнување на монетарната политика, со цел да се амортизира инфлацијата, односно да се одржи стабилноста на курсот на домашната валута, банките ги зголемија каматите на кредитите што предизвика и раст на каматите за депозитите. Според последните достапни информации во август, просечната камата на вкупните депозити изнесувала 1,55 отсто, додека истиот месец лани 0,69 отсто.

Пред почетокот на „инфлаторното цунами“, каматите за депозитите се спуштија на многу ниско ниво. Податоците покажуваат дека од август 2020 до февруари 2023 година, каматата на вкупните кредити била под 1 отсто.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција