АНАЛИЗА: Годинава 5,2 милиони евра за развој на планските региони – кои проекти треба да се реализираат?

 

Реконструкација на локални патишта, изградба на пешачки патеки, набавка на комунални возила, локален турзам – со различни проекти годинава аплицираа планските региони во земјава. Одобрени се вкупно 5,2 милиони евра – средства кои општините треба да ги потрошат наменски – за реализацијата на проектите зад кои ставиле потпис. „Порталб“ ги објавува проектите и вредноста на проектите за кои се одобрени пари кај сите осум Плански региони.

 

Пишува: Анета Додевска

 

Во рамки на СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН,  треба да се реализираат повеќе зафати:  реконструкција на регионален пат од с.Орман, општина Ѓорче Петров, до општина Чучер Сандево, набавка на камион за миење на улиците во општина Студеничани, изградба на пешачка патека од пругата на село Орешани и село Таор до граница на село Ржаничино, општина Петровец,  изградба на пешачка патека во с.Петровец, реконструкција на пристапен пат до месност викана Аџево – за што се одбрени  вкупно 376.400 евра.

ЈУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН ги опфаќа следниве проекти за годинава:  изградба на мост на река Турија на локален пат с.Просениково – с.Сарај,  изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино – прва фаза, изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино – втора фаза, при што за сите овие проекти вкупно издвоени се средства во износ од 580.400  илјади евра.

Во рамките на ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН одобрени се средства за создавање на услови за развој на културен туризам во Источен плански регион, потоа за реконструкција на културен дом „Тошо Арсов” во општина Виница, за збогатување на туристичката понуда на Црнодолски водопади – општина Пехчево, за подобра инфраструктура  преку креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион – за што се издвоени 504.100  илјади евра.

ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН доби виза да ги реализира следниве проекти: валоризирање на туристичките потенцијали во општините Крушево и Могила, за  зајакнување на техничките капацитети за собирање на комунален отпад во општините Прилеп, Ресен и Демир Хисар, реконструкција на патна инфраструктура во општините Долнени и Кривогаштани, унапредување на квалитетот на социјални услуги на регионално ниво –  со што за реализација на сите овие проекти годинава се одбрени 554.400 илјади евра.

Во рамките на ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН треба да се остварат само два проекти со заедничка вредност од 690.000 евра.

Полошки плански регион :

Име на проект                                                              Одобрени средства

Креирање на платформа за регионален                                          420.200 евра
Географски Информационен Систем,
за сите општини од ППР

Рехабилитација на локален пат                                                         269.900 евра
од село Сушички мост до депонија
Русино Општина Гостивар – трета фаза

ЈУГОЗАПАДЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН добива  скоро 722.000 евра за  изведба на енерегетско ефикасни  објекти и искористување на обновливи извори на енергија во јавните објекти, дигитализација на урбанистичко планска документација и креирање подземен катастар во ЈЗПР.

ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН  има одборено средства во износ од 825.500 евра за следниве пректи: одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на Јавно комуналните претпријатија во општините Лозово, Демир Капија, Неготино и Росоман,  подобрување на патната инфраструктура преку реконструкција на локални патни правци од с. Горно Врановци до регионален пат Чашка – Дреново, О. Чашка (втора фаза) како и локална улица во с.Подлес, заштита на животна средина преку финализирање на речното корито на река Луда Мара, општина Кавадарци, одобрување на квалитетот на услугите од областа на културата преку зголемување на енергетската ефикасност на Домот на Култура во општина Свети Николе, подобрување на животниот стандард на граѓаните на Вардарски плански регион преку изградба на систем за водоснабдување во село Отовица, општина Велес.

Во рамките на СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН  треба да се реализираат следниве преокти: подобрување на услови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион – фаза 5, реконструкција на патни правци во општина Липково за подобра поврзаност на Североисточниот и Скопски регион – за што се одобрени средства в износ од 976.100 евра.

Како се врши надозорот над потрошените средства, што покажале ревизорските наоди за протокот на пари и реализацијата на проектите – во следното продолжение на Анализа на „Порталб“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.