АНАЛИЗА: Годинава инфлација над 9 отсто – ќе растат цените на храната, енергијата, гасот!

Фото: portalb.mk

Ценовното цунами ќе „беснее“ во текот на целата 2022 година. Ова се дел од најновите  оценки на економистите за ценовните движења, пишува Порталб. Ризиците засилени поради прекини во ланците на снабдување.  Цените на основните суровини, пченка и пченица ќе растат, а со тоа ќе растат и цените на храната

Ценовното цунами ќе „беснее“ во текот на целата 2022 година. Ова се дел од најновите  оценки на економистите за ценовните движења, пишува Порталб. Ризиците засилени поради прекини во ланците на снабдување.  Цените на основните суровини, пченка и пченица ќе растат, а со тоа ќе растат и цените на храната

 

 

Ценовно цунами во текот на целата 2022 година, стивнување догодина

Војната во Украина, економските санкции, прекинот во ланците на снабдување со основни прехранбени производи, суровини, енергија, гас остануваат фактори на ризик, поради кои дефинитивно оваа 2022 година ќе биде една од најтешките години за граѓаните, соочени со ценовен раст кој не е забележан со децении. Според аналитичарите анкетирани од НБМ, стапката на инфлација годинава ќе биде повисока од 9 отсто, ниво кое е значајно повисоко од она што го прогнозира Владата и Народната банка.

Во однос на инфлацијата, очекувањата за 2022 година упатуваат на просечна стапка од 9,5 отсто и сè повисоки во однос на претходната анкета 6,5 отсто. Поумерена нагорна ревизија се забележува и кај очекувањата за 2023 и 2024 година, така што испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 5,5 отсто во 2023 година, односно 3,9 отсто во 2024 година– се наведува во новата Анкета на НБМ.

По четврти пат Народната банка направи чекор за затегнување на монетарната политика – раст на основните камати поради што ќе се зголемат каматите за штедење, но и за кредити. Но, економистите предупредуваат дека дел од потезетите на фискалната и монетарната власт можат дополнително да влијаат врз зголемување на ценовниот притисок.

Испитаниците  сметаат дека претходно преземените фискални и монетарни мерки за справување со пандемијата на ковид-19, како и трошењето на заштедите би можеле да доведат до евентуални дополнителни инфлациски притисоци. И натаму испитаниците во најголем дел сметаат дека ваквите движења кај инфлацијата се претежно на страната на понудата и се со привремен карактер, а за разлика од претходната анкета, дел од испитаниците очекуваат дека тие би имале одреден ефект и во наредната година, со постепено стабилизирање во 2024 година – оценуваат економските аналитичари.

 

Цени на храна, горива, метали

Цените ќе растат во земјите од ЕУ, и во Германија која е наш најзначаен трговски партнер. Томку поради растот на увозната инфлација – ценовниот притисок и во земјава ќе расте и ќе се одржува во текот на целата 2022 година. Најновиот Извештај од Народната банка упатува на тоа дека се „стопени“ надежите за зауздување на инфлацијата во втората половина од оваа година.

Нагорната ревизија се должи на очекувањата за повисока инфлација кај сите наши увозни партнери, при што најголем придонес во нагорната ревизија за двете години во просек имаат Германија и Полска– велат од НБМ.

Во раст ќе бидат цените на нафтата, гасот, енергијата, храната. И покарј тоа што ОПЕК го зголеми производството, поради санкциите на ЕУ за увоз на руска нафта и зголемувањето на продажните цени на нафта од страна на Саудиска Арабија и натаму се очекуваат нагорни корекции на цената на горивата.  Ценовна стабилизација во 2023 – но условена од разврската на војната во Украина.

И цените на основните прехранбени призводи ќе растат поради раст на цените на суровините, пред сè на пченката и пченицата, па така во извештајот на монетарците се наведува: 

Кај цените на прехранбените производи се извршени нагорни ревизии за целиот период на проекции. Така, во 2022 година се очекува поголем раст на цената на пченицата и пченката, во услови на прекин во синџирите на снабдување со овие производи во Црното Море поради воениот конфликт помеѓу Украина и Русија , како и очекувањата за пониско производство на кај дел од другите поголеми производители заради неповолни временски услови. За 2023 година, се очекува дека цената на пченицата ќе остане иста како во 2022 година, наспроти претходните очекувања за нејзин пад.

Воената криза и ценовниот притисок веќе се одразија врз економиите – забавена економска активност, намалена побарувачка пред сè на метали.

Кај цените на металите, ревизиите се надолни за целиот период на проекции, особено за никелот во 2022 година. Надолната корекција кај цената на никелот во најголема мера е одраз на забавената економска активност во Кина и очекувањата за евентуална помала побарувачка од страна на индустријата на електрични автомобили, поради веќе високите трошоци на производство што би влијаеле дестимулативно врз побарувачката за автомобили– анализираат од НБМ.  

Во јуни во земјава е измерена една од највисоките стапки на инфлација – трошоците на живот во споредба со истиот месец лани се зголемени за 14,5 отсто, а цените на мало за 13,7 отсто. 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција