Андреј Жерновски: Изградба на ново основно училиште во Капиштец

544346_560324117331196_501608774_n_941937Наша цел е општина Центар да биде општина со најдобри училишта, и во смисла на просторни и работни услови и во смисла на квалитет на воспитно-образовниот процес. За таа цел, во претстојниот четиригодишен период ќе пристапиме кон изградба на ново основно училиште во Капиштец (наведено како една од неколкуте активности за општина Центар во предизборната програма, делот Центар-општина со најдобри основни училишта”)

 

Образложение:

Идејното решение за проектот е избран на конкурс распишан во 2014-та година, а основниот проект во сите фази е избран на тендер во август истата година. [Пристапено на: 26.03.2015]

Училиштето ќе се гради на местото на претходно планирана катна гаража кај НИП “Нова Македонија” која започна да се гради во февруари 2013 година, но изградбата беше прекината. Советот на општина Центар донесе Одлука за запирање на изградбата на катната гаража при што средствата се пренасочени за изградба на новото училиште и довршување на новата градинка “Кочо Рацин”. Во образложението на одлуката за запирање на изградбата на катната гаража се вели дека било утврдено оти буџетските приходи не се доволни да ги покријат планираните трошоци и дека приоритет е даден за изградба на ново основно училиште и нов објект на детската градинка “Koчо Рацин”. Проектот ќе биде дополнително финансиран и со средства од буџетот на општината, донации и кредити. Училиштето ќе има капацитет од 500-тина ученици распределени во 18 паралелки од 1-9то одделение. [Пристапено на: 26.03.2015]

На 30.01.2015, Општина Центар објави дека е испратен допис до Владата на РМ со кој се бара мислење и согласност за основање на вакво училиште. Притоа, ја известува Владата дека согледувајќи ја потребата на родителите и учениците во оваа населба, одлучува да започне со изградба на училиштето. [Пристапено на: 26.03.2015]

Имајќи предвид дека се направени главните подготвителни активности (идеен и основен проект), определена е локацијата и има официјална најава дека ќе почне изградбата на училиштето (се чека одговор од Владата), може да се каже дека овој проект е во тек.

 

Оценето од: Милена Јосифовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција