Армијата го доби ветеното покачување на платите од десет отсто

Шекеринска при посетата на кумановската касарна „Боро Менков“ (31.01.2018) Фото: morm.gov.mk

 

Во октомври минатата година (2017) министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на касарната во Штип,  ја даде следнава изјава во која вети:

После долги преговори кои што ги водевме и во рамки на Владата и со министерот за финансии успеавме да обезбедиме не само повеќе средства за одбраната во 2018, туку да обезбедиме и доволно средства за да сите припадници на армискиот состав сите кои се во служба на Армијата, од јануари 2018 година да добијат покачување на платата во износ од 10 проценти. Тоа се случува после долго време, после неоправдано долго време и со право припадниците на Армијата критикуваат дека во целиот овој период биле занемарени и заборавени, сакаме да ја исправиме таа неправда, сакаме да ги подобриме условите,  сакаме да покажеме дека Македонија е определена реално за членство во НАТО. Членството во НАТО значи и вистинска стратегија, и добри политики, и нова опрема, ама значи и мотивиран кадар. Ова е еден од начините како Македонија ќе покаже дека е многу сериозна во своите напори…

 [Извор: А1 ОН (од 1,40 до 2,43 минута од видеото) ; Датум: 10.10.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 Ова ветување на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дадено на 10.10.2017 година и во кое таа вели дека  „сите припадници на АРМ од јануари 2018 година ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти“,  е исполнето.

Определбата  платите во Армијата во 2018 година да бидат зголемени за 10  отсто, Шекеринска ја истакна и во декември 2017 г. при презентација на средствата наменети за одбраната во предлог-буџетот за 2018 година.

Деновиве (31.01. 2018 г.) министерката за одбрана при посета на Здружената оперативна команда во кумановската касарна „Боро Менков“, соопшти дека почнувајќи од  јанураи 2018 платата на целокупниот персонал во служба на Армијата е зголемена за десет проценти.

Оваа година овој јануари практично започнува исплатата на 10-процентно зголемените плати на целокупниот персонал во служба на Армијата, покачување кое што навистина долги години наназад не се случувало и кое покажува дека оваа Влада ќе води сметка за подобрување на животниот стандард на вработените во АРМ, а со тоа ќе ја зголемува и подобрува борбената готовност на нашата Армија –  Шеќеринска (од 0,20 до 0,47 минута од видеото)

 

 ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција