Баба Ванѓа не е веродостоен извор за написи што го величаат ликот на Путин

Фото: колаж на Порталб

Не е професионално да се објавуваат статии кои будат емоции кај читателите, особено во вонредни ситуации, а пак нивниот единствен извор е некој кој тврди дека ја предвидува иднината. Веста што ја рецензираме објавува едно „пророштво“ на Баба Ванѓа како завршена работа и тоа никако не може да се смета како информација достојна за јавноста. Исто така, со објавување на вакви пророштва, непотребно се велича ликот на рускиот претседател Владимир Путин и на тој начин медиумот, со или без намера, се приклучува кон руската пропаганда, пишува Порталб.мк.

Не е професионално да се објавуваат статии кои будат емоции кај читателите, особено во вонредни ситуации, а пак нивниот единствен извор е некој кој тврди дека ја предвидува иднината. Веста што ја рецензираме објавува едно „пророштво“ на Баба Ванѓа како завршена работа и тоа никако не може да се смета како информација достојна за јавноста. Исто така, со објавување на вакви пророштва, непотребно се велича ликот на рускиот претседател Владимир Путин и на тој начин медиумот, со или без намера, се приклучува кон руската пропаганда, пишува Порталб.мк

 

Од Ардит Рамадани

Исклучително сензационалниот наслов, особено во време кога граѓаните се претворени во уши и очи и ги следат медиумите за да разберат што се случува во Украина, „проповеда“ дека Путин ќе владее со светот.

„Путин ќе владее со светот“, БОМБА од Баба Ванѓа: Еве што ќе се случи следно“ е насловот на веста што ја рецензираме.

Потоа, целата вест се заснова на проповедта на бугарската пророчка со македонско потекло, позната како Баба Ванѓа и содржи информации кои се речиси невозможни да се проверат како вистинити или невистинити, меѓутоа истите предизвикуваат паника кај масите.

„Двајцата најголеми владетели на светот ќе се ракуваат“, вели пророчицата, додавајќи дека нема да има мир во светот додека не дојде „осмиот“ и многумина во тоа го видоа Путин“, пишува во веста што ја рецензираме.

 

Науката: Иднината не може да се проповеда!

Досега, и покрај големите научни откритија, не се откриени средства со кои би се проповедала иднината, така што секоја информација што го тврди спротивното е невистинита и спротивна на научните факти.

Едно од основните прашања што треба да си го постават новинарите пред да објавуваат вести е, „Кои се аргументите на кои се базира веста?“ И ако успеат да дадат логичен одговор на ова прашање, може да се каже дека веста ги има основните елементи за објавување.

Во конкретниов случај, во моментот кога има изјави кои будат емоции кај читателите и можат да предизвикаат паника, новинарот мора да користи други извори (најмалку два меѓусебно независни) за да ја потврди пласираната информација. Во случајов, покрај мистичниот дел, или оној што предизвикува интерес, неопходно било да се утврдат и научните факти за (не) можноста да се проповеда иднината како и дополнителни информации поврзани со конкретната тема.

Како рецензенти на оваа вест, констатираме дека истиот не содржи факти, веста не е точна и изворите не се проверени, тврдењата на некој пророк на иднината не се секогаш веродостојни, но честопати можат да имаат негативно влијание врз читателите.

Новинарот на текстот ја користел техниката на манипулација „Повикување на можното“, искористувајќи го фактот што има луѓе кои веруваат дека таканаречената Баба Ванѓа, била во право во некои проповеди и дефинитивно треба да биде во право и овој пат.

Бидејќи се работи за иднината, тешко е горенаведената статија да биде побиена со спротивни факти, па затоа, една од другите техники на манипулација што ја користи авторот е „Повикување на недостиг на докази за спротивното“.

Инаку, освен лажна аналогија, авторот ја искористил и вонредната ситуација во светот со руско-украинската војна за да пласира сензационална вест која е поврзана со ова, и очигледно го буди интересот на читателите, иако често тие вести се неточни и сензационалистички, како во конкретниот случај.

Да не занемариме и фактот дека со објавувањето на оваа информација рускиот претседател Владимир Путин автоматски се става на пиедесталот како светски лидер и тоа не е етичко, особено ако се има предвид фактот што тој во моментов води агресивен напад врз Украина. Со објавување на вакви проповеди, преземени од српските медиуми, непотребно се велича ликот на рускиот претседател Владимир Путин и со тоа медиумот, со или без намера, се приклучува кон руската пропаганда.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. Lyubo :

    Искрено, по опширно пребарување низ мрежата – најдов само еден легитимен извор кој е целосно посветен на Баба Ванѓа – https://www.baba-vanga.com

    Блогот цитира познати бугарски и светски научници, уметници, поети, музичари, политичари, спортисти итн. кои имале лична средба со Баба Ванѓа во 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Така, јас сум многу повеќе склон да верувам во информациите што доаѓаат од изворот, отколку во нешто што штотуку е објавено на интернет.

    Сите други таблоиди и големите блогови на весници создаваат содржина за да привлечат посетители на нивните сајтови.

    Како и да е – на блогот Баба Ванѓа ги напишаа следните предвидувања кои всушност се остварија:
    • Почетокот на Втората светска војна и последиците
    • Датумот на кој умре цар Борис 3 (бугарски крал од 1918-1943)
    • Распадот на Чехословачка
    • Немирите во Либан (1968)
    • Војната во Никарагва (1979)
    • Кипарскиот конфликт во 1974 г
    • Изборот на Индира Ганди и нејзината краткотрајна смрт
    • Распадот на Советскиот Сојуз
    • Распадот на Југославија
    • Унијата на Источна и Западна Германија
    • Изборната победа на Борис Елцин
    • Нуклеарната катастрофа во Чернобил (Украина)
    • Датумот кога умре Сталин
    • Нападите на САД на 11 септември 2001 година
    • 44-тиот претседател на САД ќе биде црнец
    • Катастрофата на руската подморница „Курск“.
    • Конфликтите во Сирија
    • Враќањето на Симеон Саскобурготски II во Бугарија

    Еве одличен цитат на Жени Костадинова – таа ги напиша некои од најдлабоките и најинформативните книги за делата на Баба Ванѓа.

    „Навистина е многу тажно што има толку многу публикации кои погрешно ги цитираат предвидувањата на Баба Ванѓа. Секој си прави свои бизарни предвидувања, или би ги измешал нејзините вистински зборови со нивните фиктивни приказни, а сето тоа е само искривувачко во многу На негативен начин, вистинската слика на нашата пророчица, како и нејзините феноменални дарови и мудрост, но тоа не е невообичаено за големите луѓе – нивните митови обично го надживуваат самиот човек и она што го оставил на овој свет.

    За повеќе од 20 години истражување за животот и делата на Баба Ванѓа, никогаш не сум сретнал ниту еден човек да раскаже за некое од горенаведените предвидувања. Од каде ги зедоа? Кои се нивните извори? Секогаш кога зборувам за предвидување дадено од Баба Ванѓа, ја наведувам личноста на која таа го кажала и кога е кажано. Баба Ванѓа беше исклучително внимателна кому ќе сподели какви било нејзини предвидувања бидејќи многу добро знаеше дека многу луѓе ќе злоупотребуваат со тоа. Имаше такви луѓе кои шират погрешни информации во име на пророчицата дури и кога таа беше жива. Денес, за жал, кога Баба Ванѓа повеќе не е присутна во физичкиот свет, таа не може да се брани од апсурдни изјави кои имаат за цел да шират страв меѓу луѓето. Ова е причината зошто Баба Ванѓа одбива да дава многу глобални предвидувања. Кога го направила тоа, инсистирала луѓето тоа да го чуваат во тајност. Има некои работи што требаше да се чуваат скриени“.

    Се надевам дека фрлив малку светлина на вашите прашања дали овие предвидувања што ги најдовте на интернет се вистинити или не!