Бајден не вели дека ,,излезот е Трета светска војна”

Американскиот претседател, Џо Бајден, во интервјуто се осврнува на санкциите кои што САД и ги наметна на Русија, а кои, според Бајден, се неопходни за да нема Трета светска војна. Вака пренесената порака е сосема поинаква од онаа во насловот од текстот кој го рецензираме.

 

Американскиот претседател, Џо Бајден, во интервјуто се осврнува на санкциите кои што САД и ги наметна на Русија, а кои, според Бајден, се неопходни за да нема Трета светска војна. Вака пренесената порака е сосема поинаква од онаа во насловот од текстот кој го рецензираме

 

Претседателот на САД Џо Бајден во интервју спроведено во Белата Куќа за Брајан Тајлер, коментираше меѓу другото и за санкциите кои што Соединетите Американски Држави ги воведоа против Русија, откако оваа држава изврши инвазија на Украина на чија територија борбите уште траат.

Во насловот од текстот кој го рецензираме, а кој е споделен и на Фејсбук, коментарите на американскиот претседател Бајден се несоодветно пренесени, од што се добива погрешна порака дека Бајден, всушност, најавил Трета светска војна како излез од кризата што се случува во Украина. Тоа е сторено преку следниов наслов:

Според Бајден излезот е Трета Светска војна

Напротив, во интервјуто, тој се осврнува на санкциите кои што САД и ги наметна на Русија, а кои, според Бајден, се неопходни за да нема Трета светска војна. Вака пренесената порака е сосема поинаква од онаа во насловот од текстот кој го рецензираме.

Интервјуто е од 26 февруари 2022 година.

Во третата минута и 45 секунда од интервјуто кое што може да го погледнете на линкот погоре, Тајлер го прашува претседателот Бајден: „Во однос на овие санкции, сме виделе во минатото дека санкции против Путин беа наметнати после Грузија, после хакирањето на изборите во 2016…“

Но, Бајден го прекинува и го коментира следното:

Ништо од тоа не е како овие санкции сега. Видете, имате две опции, да почнете Трета Светска Војна односно да одите физички во војна со Русија, или втора опција, да осигурате дека држава која постапува толку спротивно на интернационалните закони ќе ја плати цената за тоа свое поведение. Нема санкција која е за веднаш. Не можете да санкционирате некого и да му кажете дека веќе нема да биде претседател на Русија (се смее н.з). Но, мислам и знам дека овие санкции се најшироките во историјата, и економските и политичките санкции. Мојата цел, уште од почетокот, беше да ги задржам цело НАТО и Европа на иста линија. Зашто, една работа што мислам дека Путин мислеше дека може да ја направи е да создаде голем раздор таму низ кој ќе може да помине. Но, тоа не се случи. Ако забележавте, имаме комплетна сплотеност. Русија ќе плати висока цена и на кратки и на долги патеки, особено долгорочно. (…) Мислам дека кога демократиите во светот се држат заедно, тоа ги зголемува можностите да имаме помалку хаос. (3:57-5:50 сек. од видеото).

Од целосниот контекст на изјавата на Бајден, апсолутно не може да се дојде до заклучокот кој што го има во насловот од текстот кој го рецензираме. Наспроти тој наслов, од кој се добива невистинит впечаток дека Бајден имплицира дека излез ќе се случи преку Трета светска војна, тој во своето интервју и конкретниот одговор на прашањето за санкциите постојано објаснува дека санкциите се воведени за да нема Трета светска војна односно како нејзина единствена алтернатива.

Така што, одговорот на Бајден особено се однесува на воведените санкции и краткорочните и долгорочните последици кои тие санкции ќе ги имплицираат на Русија, а Трета светска војна споменува само еднаш, и тоа воопштено, опишувајќи ги изборите кои што се нашле пред него, или санкции или војна.

Дополнително, на 28 февруари 2022, новинар го праша претседателот на САД Бајден, дали Американците треба да стравува од нуклеарна војна со Русија. Претседателот кратко одговори НЕ. Тоа видео може да го погледнете на следниот линк.

Со оглед на тоа што САД се одлучи на санкции, Трета светска војна не е излезот, како што невистинито се вели во насловот од текстот кој го рецензираме.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција