Бесплатни часови по пливање за 1.000 првачиња и деца со попреченост во Општина Аеродром

Фото: Официјална Фејсбук страница на Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски,  во јануари на презентацијата  на општинскиот Буџет за 2022 година, меѓу другото, вети и бесплатното пливање за сите првачиња од основните училишта во Аеродром, почнувајќи од септември оваа година. Ова ветување на Муцунски е исполнето. Бесплатните часови по пливање за првачињата и децата со попреченост од основните училишта во Аеродром  започнаа на 19 септември. Според градоначалникот Муцунски, со овој проект се опфатени околу 1.000 деца

Ветување: Бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година

[Извор: Прес-конференција на градоначалникот Тимчо Муцунски;  Датум: 20.01.2021 г.]

 

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски,  во јануари на презентацијата  на општинскиот Буџет за 2022 година, меѓу другото, вети и бесплатното пливање за сите првачиња од основните училишта во Аеродром, почнувајќи од септември оваа година. Ова ветување на Муцунски е исполнето.

Стартот на проектот „Учиме да пливаме“, во чии рамки e предвидено бесплатно пливање за првооделенците и сите деца со попреченост од основните училишта, Општина Аеродром го најави на крајот на минатиот месец. Од Општината тогаш информираа дека:

Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад.

Проектот со кој најмладите треба да добијат соодветна обука за совладување на вештините за пливање, е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром, а во реализација на „Скај велнес“.

Бесплатните часови по пливање за првачињата и децата со попреченост од основните училишта во Општина Аеродром  започнаа на 19 септември. Според градоначалникот Муцунски, со овој проект се опфатени околу 1.000 деца

Информација и фотографии за тоа дека започна реализацијата на проектот „Учиме да пливаме“, се објавени на официјалната Фејсбук страница  на  Општина Аеродром и во повеќе медиуми. Градоначалникот Муцунски на официјалниот Фејсбук профил објави видео од овој настан.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција