Бил Гејтс нема да ни ги ограничи патувањата

Насловот на текстот кој го рецензираме тврди дека Бил Гејтс ќе ни ги ограничи патувањата и дека тој прави дигитален ковид пасош. Точно е дека компанијата Мајкрософт учествува во креирањето на електронска апликација, заедно со многу други компании

 

Насловот на текстот кој го рецензираме тврди дека Бил Гејтс ќе ни ги ограничи патувањата и дека тој прави дигитален ковид пасош. Точно е дека компанијата Мајкрософт учествува во креирањето на електронска апликација, заедно со многу други компании.

 

Ама не е точно дека оваа апликација, односно дигиталниот ковид пасош ќе ги ограничи патувањата. Напротив, тој документ ќе овозможи координација на потребите на корисниците со барањата на бизниси, авиокомпании и различни држави во врска со слободното патување, туризмот, влегувањето во одредени објекти како концертни сали, итн. Манипулацијата се состои во тоа што се тврди дека Бил Гејтс ќе ни ги ограничи патувањата, од причина што тој не ги носи политиките и барањата на секоја земја во врска со ковид-19.

Целта на компаниите кои учестввуаат во креирањето на апликацијата, е да се обезбеди секој да има досег до сигурни дигитални податоци за нивната вакцинација против ковид-19, како дигитален вакцинален пасош, кој ќе може да го имаат во мобилните телефони. Податоците може да се користат за сите намени каде што ќе бидат потребни – од авионски компании до влегување на концерти.

Некои училишта најавија дека децата мора да имаат доказ дека се вакцинирани пред да се вратат во училниците, авио компании најавија дека ќе примаат патници кои се имуни на ковид-19. Идејата за вакцинален пасош, кој што повеќе компании го развиваат во форма на апликација за мобилен телефон, е да се овозможи побрзо враќање во функција на туризмот. Апликацијата би требало да помогне да се нормализираат состојби во оваастопанска гранка. За ништо не одлучува Бил Гејтс, туку тоа е дискрециона одлука на секоја засебна држава и на секој засебен бизнис.

Засега не е познато дали оној што ќе се вакцинира престанува да го шири вирусот или не. Се знае дека можноста за развивање Сарс Ков 2 болест се значително помали зашто организмот знае како да се избори со вирусот, ама не и дали понатаму лицето кое е асимптоматско може да ја шири инфекцијата.

Текстот е оригинално од Фајненшал Тајмс и во објаснувачките делови од оваа статија Пол Мајер, од проектот Комонс, вели дека коалицијата што работи на развој на апликацијата била во разговори со повеќе владини претставници на повеќе земји и тие споделиле дека ќе бараат или доказ за вакцинација или негативен тест. Тоа уште еднаш потврдува дека Бил Гејтс не е тој што ограничува или дозволува патувања, туку тоа го прави секоја држава со нејзините политики.

Луѓето ќе мора да имаат вакцинални податоци за многу аспекти за да се врати животот во нормала. Живееме во глобално поврзан свет. Секоја земја ќе ги одреди своите правила, како, на пример, која вакцина ќе ја прифати. Системот ќе ги чува сигурносно податоците на луѓето и нивните податоци во дигитален паричник и тие самите ќе контролираат со кого ќе ги споделуваат, се вели во текстот на Фајненшал Тајмс.

Глобалната алијанса за вакцинација ГАВИ објаснува дека имунолошки пасош е официјален докмент кој потврдува дека индивидуа која била инфицирана со коронавирусот е имуна на него. „Теоријата е дека со обезбедување доказ за позитивен, а потоа за негативен тест, лицето кое претходно било болно од ковид-19 се очекува дека развило противтела или други форми на имунолошка меморија за да ги заштити да се разболат повторно“, се вели во документот на ГАВИ.

Ова може да им даде на луѓето поголема слобода да патуваат и да се социјализираат, да влезат во земји каде можат да докажат дека оздравеле од ковид-19. На оваа страница се тврди дека Унгарија вовела политика дека луѓето може да влезат во оваа земја ако докажат дека оздравеле од ковид-19. Исланд планира слична политика. Грција веќе почна да го издава овој пасош, во вид на потврда.Иако Мајкрософт е една од компаниите што работат на развој на апликацијата, тоа не значи дека Бил Гејтс ќе ги забрани патувањата. Менување на тезите е дека патувањата ќе бидат забранети. Напротив, самите држави ќе решат под кои услови ќе го регулираат влезот во земјата и функционирањето на бизнисите по пандемијата, а оваа апликација само ќе асистира во процесот за тој да биде достапен до сите граѓани.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција