Цитат од неонацист, лажно припишан на Волтер

Фото: скриншот од дел од постот

Покрај лажното припишување на цитатот на неонацистот како цитат на Волтер, во постот се тврди дека Секретаријатот за родова еднаквост е еднаков со инквизицијата

Покрај лажното припишување на цитатот на неонацистот како цитат на Волтер, во постот се тврди дека Секретаријатот за родова еднаквост е еднаков со инквизицијата

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

За да сфатите кој ве управува, едноставно откријте кого не смеете да критикувате. Секретаријатот за родова еднаквост ќе ни покаже што е тоа вистинска инквизиција.
Потоа се споделува фотографија на која е испишан наводен цитат од Волтер кој гласи:
„Ако сакате да знаете кој управува со вас, дознајте кого не смеете да го критикувате. Волтер“.
Овој цитат на Волтер е измислен. Како што пишуваат проверувачите на факти на Франс Прес, овој цитат не е на филозофот Волтер и тоа го потврдил директорот на Фондацијата Волтер за просветителски студии, истражувачки оддел фокусиран на авторот Волтер, чија работа помогна да се создаде политичкиот и социјалниот систем денеска.

Цитатот, изгледа потекнува од нешто напишано во 1993 година од Кевин Алфред Стром, американски неонацистички негатор на Холокаустот, а не од човек со Волтеровата иронија и интелигенција, напиша Николас Кронк, француски професор по литература и директор на фондацијата на Англискиот универзитет Оксфорд.

И Гардијан и Би Би Си во 2015 известија дека политичар од Австралија напишал твит за овој цитат и погрешно го атрибуирал на Волтер.

Базфид пронајде есеј од 1993 година со наслов „Сè што Америка мора да знае за теророт кој е врз нас“, во кој што Кевин Алфред Сторм, вистинскиот автор на цитатот од постот кој го рецензираме пишува:

За да ги одредите вистинските управители со било кое општество, се што треба да направите е да се запрашате кого не ми е дозволено да го критикувам?

Кевин Алфред Сторм во блог пост кажува дека цитатот е негов. 

Правниот центар против сиромаштија на југот на САД кој ги мониторира и екстремистите во САД, го идентификува Кевин Алфред Сторм како неонацист и вели дека исто така признал дека поседувал детска порнографија во јануари 2008 година, пишува Франс Прес.

До слични сознанија дојдоа и проверувачите на факти на Лид Сторис.

Во постот кој го рецензираме, исто така, се вели дека секретаријатот за родова еднаквост ќе ни покаже што е тоа вистинска инквизиција.

Со формирањето на секретаријатот за родова еднаквост, ќе се формира институционалната рамка за родова еднаквост. Во времето на инквизицијата пак, немало родова еднаквост. Самото користење на фразеологијата дека секретаријатот за родова еднаквост ќе покаже вистинска инквизиција е оксиморон, односно противречна реченица. Последиците од инквизицијата се катастрофални.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција