Дезинформациите за лукот како чудесен лек сè уште се шират

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мкредовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ. 

Босанско-херцеговскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите raskrinkavanje.ba се зафати со оповргнување на една дезинформација што многу е присутна и на социјалните мрежи и на порталите во периодот од нова година, откако во Вухан започна епидемијата на новиот корона вирусдека со лук може да се заштитите од вирусот. 

Конкретно, текстот што е анализиран тврди дека од заразување со новиот вирус може да се заштитите од COVID-19, со варење лук во вода. Дезинформацијата се појавува уште во јануари годинава, а се тврди декастар кинески лек се покажал како ефикасенсо 8 чешниња лук и 7 чаши вода, кои се варат, а потоа водата се пие“. Се тврди дека со ова може да се спасат животи, но не се наведува каква било друга поткрепа освен повикувањето настариот кинески лек“. 

Дека станува збор за непоткрепена информација потврди и хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите faktograf.hr, пишува текстот, потсетувајќи дека иако лукот навистина може да помогне за засилување на имунитетот, тој не може да заштити ниту да излекува, оти иако има антибактериски својства, Светската здравствена организација (СЗ) досега не потврдила дека има некако одреден лек, а најмалку вода од сварен лук, пишува raskrinkavanje.ba. 

Овој сервис исто така се зафати со анализа на тврдења на интернет дека најзагрозена група со новиот корона вирус се луѓето со крвна група А. 

Статистиката покажа дека 38 отсто од инфицираните во градот Вухан во Кина, каде што изби епидемијата има крвна група А, но исто така и дека дури 31 отсто од населението во градот е со таа крвна група, пишува raskrinkavanje.ba. 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција