Дезинформација е дека Фејсбук ќе наплаќа 4,99 долари месечно за да го користите

Фото: Mohamed Hassan Pixabay

Во објавата се споделува невистинита информација дека Фејсбук воведува тарифа од 4,99 долари месечно за да може да го користите. Центарот за поддршка на Фејсбук наведува дека не им се наплаќа на корисниците за да го користат, туку им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на компанијата Мета. Што се однесува на фотографиите, со самата одлука да ги споделите на Фејсбук има посебни услови за нивно користење и објавувањето на оваа порака не менува буквално ништо во врска со начинот на користење на фотографиите

Во објавата се споделува невистинита информација дека Фејсбук воведува тарифа од 4,99 долари месечно за да може да го користите. Центарот за поддршка на Фејсбук наведува дека не им се наплаќа на корисниците за да го користат, туку им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на компанијата Мета. Што се однесува на фотографиите, со самата одлука да ги споделите на Фејсбук има посебни услови за нивно користење и објавувањето на оваа порака не менува буквално ништо во врска со начинот на користење на фотографиите

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Го добив и го препраќам со копирање на мојот профил. И јас се деактивирам! Значи сега го прават тоа, само што е објавено на Канал 4. Фејсбук ќе ги наплаќа сите корисници почнувајќи од понеделник.

Можете да изберете да не го правите ова. Држете го прстот на оваа порака и копирајте ја. Невозможно е да се сподели. Не му давам дозвола на Фејсбук да наплаќа 4.99 долари месечно на мојата сметка, исто така сите мои слики се мој имот а не Фејсбук!!

Посебна благодарност до Лери за овој правен совет и до Тим Баркер за објавувањето на оваа информација.

Бидејќи сите полека се киднапираат да киднапираат не хакирани, тие ги киднапираат нашите сметки сега уште повеќе.

Во случај адвокат да не советува да го објавиме ова. Кршењето на приватноста може да се казни со закон. ОБС! Фејсбук Мета сега е јавен субјект. Сите членови треба да објават ваква белешка.

Доколку барем еднаш не објавите изјава технички ви е дозволено да ги користите вашите фотографии како и информациите во ажурирањето на статусот на вашиот профил.

НЕ ДАВАМ ДОЗВОЛА ФЕЈСБУК ДА КОРИСТИ НИКОЈ  ОД МОИТЕ ЛИЧ.

Копирајте и залепете, не споделувајте. Добивам повеќе продажни објави отколку пријатели. Држете го прстот каде било во овој пост и кликнете копирај. Одете на вашата страница каде што пишува ,,Што имате на ум. Стисни го прстот каде било во празното поле. Кликни и залепи. Ова го ажурира системот.

Објавата е конфузна и автоматска, преведена на лош и непрофесионален начин, автоматизирано, но во неа може јасно и прецизно да се идентификуваат неколку дезинформации. Првата е таа дека Фејсбук ќе им наплаќа на сите корисници 4.99 долари почнувајќи од понеделник и дека доколку пораката од објавата ја ископирате, тогаш вие ќе бидете изземени од плаќањето. Ова е чиста измислица.

Не треба да ја копирате и споделувате пораката на Фејсбук, за да добиете бесплатно користење на Фејсбук. Воопшто никој не споменал наплата.

Проверувачите на факти на Верифај, веќе ја имаат дебанкирано оваа дезинформација со официјална изјава од лица во Фејсбук. Портпаролот на Мета, компанијата што ги поседува и Фејсбук и Инстаграм, за Верифај изјави дека компанијата Фејсбук не планира да им наплаќа 4.99 долари месечно на корисниците за да користат Фејсбук. Во центарот за поддршка на Фејсбук пишува дека не им се наплаќа на луѓето да користат Фејсбук и наместо тоа им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на Мета.

Пораки во кои се тврди дека Фејсбук ќе им наплаќа на корисниците кои го користат, на интернет циркулираат подолго време. Барем една таква датира од 2009 година. Но Фејсбук остана бесплатен откако првпат стана достапен за општата јавност во 2006.

Мета има некои опционални услуги со претплата и програми кои им ги нуди на корисниците на Фејсбук и на Инстаграм. На пример, верификација, каде што плаќате месечна сума за да добиете верификациски беџ на вашиот профил и пристап до ексклузивни карактеристики на вашата сметка. Чини 11,99 долари месечно да се претплатите на Facebook Verified.

Во објавата се вели дека на некој Канал 4 било објавено оти Фејсбук ќе наплаќа 4,99 долари за да го користите, но Вистиномер не успеа да пронајде такво известување на пребарувачот Гугл.

Што се однесува на тоа дека сите слики се ваш имот, а не на Фејсбук, постојат услови за користење на кои сите корисници на Фејсбук се согласуваат. Според нив, вие ги поседувате сите содржини и информации што ги објавувате на Фејсбук и може да контролирате како се споделуваат преку подесувањето на опцијата за вашата приватност.

За содржините кои се опфатени со правата на интелектуална сопственост, како фотографии и видеа конкретно ни ја давате следната дозвола: Предмет на вашата приватност и поставките на апликацијата, ни давате неексклузивен, пренослив, подлиценциран, бесплатeн кон авторските права, светска лиценца за користење на која било содржина што ја објавувате. Оваа лиценца завршува кога ќе ја избришете содржината или вашата сметка, освен ако вашата содржина е споделена со други, а тие не ја избришале.

Што се однесува на приватноста, самите корисници на социјалната мрежа Фејсбук, со рачно прилагодување одлучуваат за различните нивоа на приватност на секоја содржина која ја споделуваат. Има неколку нивоа на приватност. Содржините може да ги гледате само вие, блиските пријатели кои рачно се селектираат, пријателите од листата на пријатели или целата јавност во која влегуваат и луѓето кои не се во листата на пријатели.

Исто така, не е точно наведеното дека со копирањето и пејстирањето на објавата што е предмет на нашата рецензија „се ажурира системот”. Иако не е јасно што се мисли под тоа ажурирање, објавувањето на оваа порака не менува буквално ништо во врска со начинот на користење на фотографиите.

Така што, нејзиното објавување не значи апсолутно ништо, Фејсбук е бесплатен без оглед на тоа дали ќе ја објавите или не.

Со оглед на сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција