“Дигитална ера за граѓаните” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), воведно обраќање заедно со Фондација Метаморфозис ќе има и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на тема “Дигитална ера за граѓаните”.

Во оваа дигитална ера, визијата на Министерството за информатичко општество и администрација е да го води патувањето на нацијата водејќи се според сферите на мудроста и технологијата, притоа цврсто поддржувајќи ги ЕУ стандардите, поплочувајќи го патот кон трансформативна иднина каде што иновациите и соработката се во насока на напредок и просперитет. Во овој дел, краток инспиративен говор ќе има министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој ќе се осврне на заложбите на Министерството и значењето на дигиталната ера за граѓаните.

Повеќе информации за конференцијата има на следниот линк: https://tinyurl.com/bde9d2dy

Сите заинтересирани да учествуваат треба да се регистрираат на следниот линк не подоцна од 14-ти декемвриhttps://tinyurl.com/3vnp6nnk.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција