Дипфејк фотографии од Тејлор Свифт предизвикаа барања за нова легислатива во САД

Иако многу од сликите биле отстранети за време на објавувањето, една фотографија од Свифт била прегледана 47 милиони пати пред да се избрише.

 

Американски политичари повикуваат на нови закони за криминализирање на создавањетo дипфејк фотографии откако на интернетот се појавија експлицитни дипфејк слики од Тејлор Свифт кои за само неколку дена биле прегледани милиони пати, пишува Би-би-си.

Во соопштение од социјалната мрежа „X“ се вели дека активно се отстрануват сликите и се преземаат „соодветни мерки“ против профилите вклучени во нивното ширење.

„Внимателно ја следиме ситуацијата за да се осигураме дека сите понатамошни прекршувања ќе бидат веднаш адресирани и дека содржината ќе биде отстранета“, се додава во соопштението.

Иако многу од сликите биле отстранети за време на објавувањето, една фотографија од Свифт била прегледана 47 милиони пати пред да се избрише.

Истражување од минатата година покажува дека има зголемување од 550 проценти во создавањето докторирани слики од 2019 година, поттикнато со појавата на вештачката интелигенција.

Во моментов во САД нема федерални закони против споделување или создавање дипфејкови, иако има обиди на државно ниво за решавање на проблемот.

Во Обединетото Кралство, споделувањето дипфејк порнографија стана нелегално како дел од Законот за онлајн безбедност во 2023 година.

Демократскиот пратеник Џо Морел, кој минатата година го претстави предложениот Закон за спречување на експлицитни дипфејк фотографии – со кој би било незаконско споделување на дипфејк порнографија без согласност – повика на итна акција.

Тој рече дека сликите и видеата може да предизвикаат неотповиклива емоционална, финансиска и репутациона штета и дека жените се најпогодени.

Според извештајот на „State of Deepfakes“ објавен минатата година, огромен дел од порнографијата на интернетот се состои од дипфејкови, а во 99 проценти од случаите, жените се мета на таква содржина.

„Без разлика дали жртвата е Тејлор Свифт или кој било млад човек низ нашата земја, треба да воспоставиме заштитни мерки за да се бориме против овој алармантен тренд“, изјави Републиканскиот конгресмен Том Кин Џуниор .

Грижите за содржината генерирана од вештачка интелигенција се зголемија бидејќи милијарди луѓе гласаат на избори оваа година ширум светот.

Оваа недела, лажен роботски повик за кој се тврди дека е од американскиот претседател Џо Бајден, предизвика истрага а се смета дека е направен со вештачка интелигенција.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција