Државата нема да инвестира 100 милиони евра за фабриката во Тетово

Фото: vlada.mk

Постот  шири невистини дека  државата со свои 100 милиони евра ќе ја прави фабриката за електрични автомобили во Тетово. Според  тоа што беше официјално соопштено, сè уште не се знае точно колку пари ќе даде државата за инвестицијата вредна 130 милиони евра. Тоа ќе зависи од многу услови, но, сумата нема да биде повеќе од 35 отсто од целокупната инвестиција која ќе ја плати инвеститорот – во случајот германската „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, а парите нема да се дадат однапред. Владата одобила „рамковна поддршка“ што подразбира дека е отворена можност за доделување на средства, но не и обврска. Доделувањето зависи од динамиката со која инвеститорот ќе ја реализира инвестицијата и од исполнување на условите предвидени со Договорот

Постот  шири невистини дека  државата со свои 100 милиони евра ќе ја прави фабриката за електрични автомобили во Тетово. Според  тоа што беше официјално соопштено, сè уште не се знае точно колку пари ќе даде државата за инвестицијата вредна 130 милиони евра. Тоа ќе зависи од многу услови, но, сумата нема да биде повеќе од 35 отсто од целокупната инвестиција која ќе ја плати инвеститорот – во случајот германската „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, а парите нема да се дадат однапред. Владата одобила „рамковна поддршка“, што подразбира дека е отворена можност за доделување на средства, но не и обврска. Доделувањето зависи од динамиката со која инвеститорот ќе ја реализира инвестицијата и од исполнување на условите предвидени со Договорот

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук неточно тврди дека новата странска инвестиција во Северна Македонија ќе биде реализирана целосно од државни пари. Не е вистина дека државата ќе даде 100 милиони евра за фабриката.

Лажат сушат,како и секогаш.

Велат странска инвестиција ,а државата со сопствени 100 милиони евра ќе ја прави фабриката во Тетово.

Полуда власт Македонија не памети, се вели во постот.

Владата и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, минатата недела во ТИРЗ Тетово потпишаа Договор за државна помош за нова инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира за првпат во Македонија.

Германската e.GO компанија во зоната во Тетово ќе гради фабрика од која, според најавите, првиот автомобил на струја треба да се произведе во 2024 година.

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека инвестицијата тежи 130 милиони евра, а планирани се и околу 900 нови вработувања.

Но, ова не значи дека целата инвестиција од 130 милиони евра ќе падне на товар на државата, како што се тврди во објавата што е предмет на оваа рецензија. Впрочем, доколку државата ги инвестира сите пари тогаш не би било странска директна инвестиција туку државна инвестиција.

Она што е вистина е дека државата ќе учествува со одреден процент во инвестицијата. Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ, објаснува што значи државата помош во однос на оваа инвестиција и колку таа ќе чини. Како што вели тој, државата ќе учествува до 35 отсто во инвестицијата, но тие се рамковни средства односно значи дека може да биде и помалку од 35 отсто.

Владата одобри рамковна поддршка што не надминува 35 отсто од вкупната инвестиција. „Рамковна“ подразбира дека е отворена можност за доделување на средства, но не и обврска. Доделувањето зависи од динамиката со која инвеститорот ќе ја реализира инвестицијата и, секако, од исполнување на условите предвидени со договорот. Меѓудругото, и отворање на предвидениот број од близу 900 нови работни места, како и бруто плати, што во просек достигнуваат 2,5 пати над просечната во државата. За оваа намена ќе се искористи околу 15 отсто од државната поддршка, додека остатокот е за делумно кофинансирање на капиталните трошоци на инвеститорот. Компанијата нема да користи даночни ослободувања, туку во целост има обврска истите да ги плаќа кон Буџетот и јавните фондови на државата. Овој модел на државна поддршка е усогласен со регулативата во ЕУ, а е подеднакво достапен за сите странски и домашни компании во С. Македонија, вели Деспотовски.

Што значи дека е невистинито тврдењето дека државата со свои 100 милиони евра ќе ја прави фабриката за електрични автомобили во Тетово. Всушност, според тврдењето на надлежните, сè уште не се знае колку пари точно ќе даде државата и тоа ќе зависи од многу услови, но сумата нема да биде повеќе од 35 отсто од целокупната инвестиција која ќе ја плати инвеститорот – во случајот германската „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, а парите нема да се дадат однапред.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција