Двата влеза во Струга со нов лик

Фото: Принтскрин колаж - ФБ страница Општина Струга

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во изборната кампања во октомври 2017 година вети уредување на влезовите во градот. Ова изборно ветување на градоначалникот Мерко е исполнето, двата влеза во Струга сега имаат нов изглед.

 

Ветување: Уредување на постоечките влезови во Струга

 [Извор:Изборна порграма „За општината што ја сакам“ кандидат за градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко стр. 14 – Датум: октомври, 2017 година]

 

ОБРАЗЛОЖНИЕ:

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во изборната кампања во октомври 2017 година вети уредување на влезовите во градот. Ова изборно ветување на градоначалникот Мерко е исполнето, двата влеза во Струга сега имаат нов изглед.

Влезот во Струга од правец на граничниот премин Ќафасан е комплетно уреден пред неколку месеци. Изградена е трета сообраќајна лента, ставен е нов асфалт, сообраќајна сигнализација и осветлување.

На 5 мај  беше поставен последниот слој асфалт на улицата „Пролетерски бригади“ на влезот во Струга. Од Општината на официјалната Фејсбук страница објавија информација и фотографии од завршната фаза на асфалтирањето на оваа фреквентна сообраќајница.  Реконструкструкцијата на овој влез во Струга е целосно завршена на крајот на мај.

Фото: ФБ страница на Општина Струга

Нов лик има и влезот во Струга од страната на „Евро-хотел“. Таму е изградена  рекреативна патека, има три сообраќајни ленти, нов асфалт и ново осветлување. Асфалтирањето на улицата „Партизанска“  започна  минатиот месец, а  реконструкцијата целосно заврши пред неколку дена.

Фото: ФБ страница на Општинаа Струга

Со оглед наа тоа што и двата влеза на Струга се комплетно обновени, ова ветување на градоначалникот Мерко го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Соња Рилковска

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција