Еднострана повреда на презумцијата на невиност

ALFA-TV-drzaven-udar-0987-098-crop-resize

 

[Рецензија: Грците го бранат Заев]

 

Паѓање во замка или отслужување на политичка агенда – што и да претставува овој материјал, не би било коректно да го наречеме новинарски прилог. Се создава основа за спин, без понуда на докази за констатациите. Едностраноста ја обезбедува еден единствен соговорник, за кој се тврди дека зборува во име на целата академска јавност за, на крај, под закрила на експертиза, да се направи повреда на презумцијата на невиност.

ALFA TV

Линк до оригиналниот напис: Грците го бранат Заев

Датум и време на објавување: 03.02.2015

Датум на рецензирање: 07.02.2015

Рецензент: Александар Пешев 

Имаме класичен новинарски спин кој се одвива на неколку нивоа. Пред сѐ, грчките медиуми се издвојуваат како потенцијално непријателски со генерализирање на констатација на авторот.

„…грчките медиуми коментираат и застанаа во одбрана на Заев“

Навистина? Како?

„Повеќето од нив истакнуваат дека со прогонот на опозицискиот лидер се загрозува безбедноста на земјава, а премиерот Груевски го критикуваат дека со своето однесување личи на диктатор.“

Навистина? Кои медиуми? Сите? Во кои текстови? Дајте дел од текст кој би го поддржал ваквото тврдење – нема, авторот не ни кажува. Немаме ниту еден извадок, ниту еден телоп со кој вакиот наводен став на грчките медиуми би се потврдил. Дополнително, ставот дека прогонот на лидерот на опозицијата е потенцијално опасен го изрази германската влада – по логиката на медиумот, и тие застануваат во одбрана на Заев?

На почетната основа, која го прави спинот, се забележува едностраност. Се именуваат „експертитте“ во множина, а во прилогот има само еден соговорник со еден став.

По изјавата, авторот продолжува со „експертите“, но овојпат нема ниту тонска подршка на ваквите ставови, нити, пак, се наведува кои експерти ги кажуваат понатамошните коментари. Се создава сомнеж дека во вториот дел на прилогот, ставовите на авторот или уредникот може да бидат замаскирани како ставови на експерти.

Ваквото потенцијално коментирање видно ја повредува презумцијата на невиност.

„За експертската јавност ова е индиректен доказ дека материјалите во неговите раце дошле од Грција. Токму негирањето велат укажува на тоа.“ 

Не е работа на експертите да судат дали некој е во право или е виновен – тоа е работа на судот. Доколку во прилог се употребуваат извори со стручно знаење, нивната функција е на аналитички начин на публиката да ѝ ја објаснат актуелна состојба. Во овој случај, ефектите од политичките конфронтации се посоодветна тема за коментари од академската јавност, додека судот утврдува кој бил, а кој не бил во право.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција