Ентони Фаучи не ѝ е син на Мајка Тереза, најпознатата хуманитарка не била вклучена во трговија со деца

Фото: Колаж - Bild von OpenClipart-Vectors auf Pixabay - Принтскрин видео

Ентони Фаучи е американски лекар, научник и имунолог, роден е во Њујорк на 24 декември 1940 година во семејството на Стивен и Евгенија Фаучи. Мајка Тереза, е родена на 26 август 1910 година во Скопје, во 1928 година им се придружила на редот на Сестрите од Лорето во Калкута, пред да ги основа Мисионерките на милосрдието во 1950 година. Нејзиното прво патување од Индија во САД било во јануари 1960 година, многу подоцна по раѓањето на Фаучи во Њујорк. Објавата  ја шири и добро познатата теорија на заговор Кју анон, според која некаква длабока држава и елити киднапираат деца и ја пијат нивната крв. Но, досега ниту една Кју анон приказна не се докажа 

Ентони Фаучи е американски лекар, научник и имунолог, роден е во Њујорк на 24 декември 1940 година во семејството на Стивен и Евгенија Фаучи. Мајка Тереза, е родена на 26 август 1910 година во Скопје, во 1928 година им се придружила на редот на Сестрите од Лорето во Калкута, пред да ги основа Мисионерките на милосрдието во 1950 година. Нејзиното прво патување од Индија во САД било во јануари 1960 година, многу подоцна по раѓањето на Фаучи во Њујорк. Објавата  ја шири и добро познатата теорија на заговор Кју анон, според која некаква длабока држава и елити киднапираат деца и ја пијат нивната крв. Но, досега ниту една Кју анон приказна не се докажа 

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која изнесува низа невистини за најпознатата хуманитарка и мисионерка во светот, Мајка Тереза која по нејзината смрт беше прогласена за светица.

MAJKA I SIN
NONA TEREZA E PRVATA TRANÐA TRAVESTIT HUMANITAREC OD VATIKAN PROGLASEN ZA SVETEC.
OVOJ ALBANSKI KATOLIK TRAVESTIT SO PRICINA POBEGNA OD SKOPJE INDISKATA SLUŽBA ZA OVOJ MOKEN TRAVESTIT RASPOLAGA SO INFORMACII DEKA NEJZINATA HUMANITARNA ORGANIZACIJA OTKUPUVALA MALI DECINJA OD SIROMASNI RODITELI VETUVAJKI NA RODITELITE DEKA KE GI DADE NA POSVOJUVANJE VO AMERIKA ILI VO EVROPA KADE KE IM BIDE OBEZBEDEN UBAV ZIVOT,
NO NIKOGAS NITU EDEN RODITEL NE USPEAL DA VOSPOSTAVI KONTAKT SO SVOETO DETE DURI I PO DVAESET I POVEKE GODINI.
IM SE GUBI TRAGATA NA ILJADNICI DECINJA HUMANITARKATA SVETECOT NA LUCIFER VDOMUVALA I SIRACINJA OD ULICA ZA ISTA CEL HRANEJKI GI OKULTISTITE PEDOFILITE I ČLENOVI NA KABALATA SATANISTIČKITE SEKTI SO SVEŽA DETSKA KRV I MESO POTREBNI ZA NIVNITE KANIBALISTICKI RITUALI. SATANISTITE MAKEDONSKI OD VLASTA VO SKOPJE I SPOMENIK I DIGNAA I KLINICKI CENTAR NA NEA I GO POSVETIJA OD TOGAS KLINICKI CENTAR GO PRETVORIJAVO KLANICA OD TOGAS VO TOJ KLINICKI CENTAR PACIENTI IM UMIRAAT PRED VRATITE I DOKTORITE SE OBVINUVANI ZA UBISTVA NA PACIENTI.MNOGU PACIENTI NASTRADAA TOKMU OD RACETE NA ILUMINATI DOKTORI OKULTISTI CLENOVI NA RAZNOIMENI SATSNISTICKI SEKTI .TOKMU ILUMINATITE TIE DURI NA TERORISTITE OD UÇK PARTIJA IM NAPRAVIJA ZABRANIJA DA IM SE SUDI. VRHUSKATA NA ALBANSKITE PARTII SITE SE CLENOVI NA KABALATA ONI GI FORSIRAAT KABALATA GI STITI, стои во објавата која ја анализираме.

Објавата изобилува со дезинформации поврзани со скопјанката Гонџа Агнес Бојаџиу, позната во светот како Мајка Тереза. Таа е најпознатата хуманитарка и мисионерка во светот, а во текот на нејзиниот живот направила голем број дела за кои добила и светски признанија. Мајка Тереза, покрај тоа што е добитничка на Нобеловата награда за мир, во текот на својот живот за својата хуманитарна работа има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на 20 век. По нејзината смрт таа беше прогласена и за светица.

Објавата на почетокот лажно тврди дека Мајка Тереза и Ентони Фаучи биле мајка и син. Ентони Фаучи е американски лекар-научник и имунолог кој работеше како директор на Националниот институт за алергиии и заразни болести од 1984 до 2022 година и беше главен медицински советник на американскиот претседател од 2021 до 2022 година, за време на пандемијата со коронавирусот. Тој за време на пандемијата беше честа мета на лажни и измислени тврдења.

Дека Мајка Тереза и Ентони Фаучи не биле мајка и син лесно може да се утврди доколку се погледнат нивните биографии.

Фаучи е роден во Њујорк на 24 декември 1940 година во семејството на Стивен и Евгенија Фаучи. Тој е второ дете на првата генерација италијанско-американски родители. Детална семејна историја со фотографии, нацрт-картички и документи за имиграција за семејството Фаучи беше составена од генеалогот Бредли Гренланд. Таму има податоци, како за родителите на Фаучи, така и за бабите и дедовците на Фаучи од двете страни. Во ниту еден од документите не се спомнува името на Мајка Тереза како роднина на Фаучи, ниту, пак, таа имала друга поврзаност со неговото семејство кое е по потекло од Италија.

Според биографијата на Мајка Тереза, таа е родена на 26 август 1910 година во Скопје, Македонија. На 18-годишна возраст, во 1928 година, таа им се придружила на редот на Сестрите од Лорето во Калкута, Индија, пред да ги основа Мисионерките на милосрдието во 1950 година. Жените кои се придружуваат на верските наредби, како Мајка Тереза, преземаат доживотни завети за чистота. Нема индикации дека Мајка Тереза некогаш имала деца. Нејзиното прво патување од Индија во Соединетите држави било во јануари 1960 година, многу подоцна по раѓањето на Фаучи во Њујорк.

Ова не е првпат да се шират дезинформации дека Мајка Тереза и Ентони Фаучи се во роднинска врска, односно дека се мајка и син. Тврдењата за поврзаноста на Мајка Тереза со Фаучи произлегуваат од напис на Dark Outpost, веб-страница која претходно објавила дека Клинтонови „биле егзекутирани во 2018 година“и дека американскиот претседател Џо Бајден „е компјутерски генериран“.

Понатаму, објавата што ја анализираме изнесува низа непотврдени информации дека „Мајка Тереза била вклучена во трговија со деца, дека продавала бебиња на членови на кабалата кои изведувале сатанистички ритуали пиејќи ја нивната крв“ и слични теории на заговор. Ова соодветствува во целост со наративот кој се пласира од страна на поддржувачите на Кју Анон теоријата на заговор за наводни сатанисти, кабалата, пиење крв од деца, демони меѓу политичарите итн.

Теоријата на заговор Кју анон се однесува на конгломерат небулози, меѓу кои и таа спомената во објавата, дека „постојат сатанисти кои му се поклонуваат на ѓаволот (Луцифер), како и елити кои што имат синџир за глобална трговија со деца која им ја пие крвта“.

Теоријата на заговор Кју Анон почна да се шири на 28 октомври 2017 година на анонимниот интернет форум 4Чан со тема насловена: „Затишје пред бура“, тогаш анонимен корисник со псевдоним „Кју“ постираше дека Хилари Клинтон ќе биде уапсена меѓу 7,45 и 8,30 часот во понеделник на 30 октомври 2017 година, што не се оствари. Ниту една Кју анон приказна не се докажа, иако имаше многу предвидувања за наводни апсења на елитите и разбивање на „кабалата“ во која секогаш како ликови што ја претставуваат, беа наведувани демократи од Америка.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, нема докази дека Мајка Тереза тргувала со деца, како што тоа се наведува во објавата.

Тврдењето дека Мајка Тереза „продавала бебиња“ потекнува од настан што се случил повеќе од 20 години по нејзината смрт, во засолниште за невенчани мајки управувано од Мисионерките на милосрдието, редот на калуѓерки на Мајка Тереза. Како римокатоличка калуѓерка, таа ги водела мисионерите на хуманоста до нејзината смрт во септември 1997 година, а организацијата била поврзувана со скандал за трговија со деца во 2018 година.

Во 2018 година, индиски пар тврдел дека платиле 120.000 рупии (1.760 долари во тоа време) на Анима Индвар, која работела во засолништето, според индиските власти. Калуѓерката, сестра Концилија и работничката Индвар, биле обвинети дека продале четири бебиња на потенцијалните родители во прифатилиштето наречено Нирмал Хридеј, управувано од Мисионерки на милосрдието, а основано од Мајка Тереза во 1950 година. Оттаму изјавиле дека престанале да вршат посвојување деца во Индија во 2015 година и дека претходно не прифаќале пари за нивно администрирање.  Еден од членовите во 2018 година бил уапсен затоа што продал бебе. Ројтерс истата година извести дека индиската влада почнала истрага за организацијата поради загриженост за трговија.

Нема апсолутно никакви докази дека Мајка Тереза била вклучена во вакви активности. Ова случај бил изолиран и се случил цели 21 година по нејзината смрт.

Мајка Тереза била критикувана за сиромашните услови и третман на болните во Калигат хоспис, што таа го основаше, како и за нејзините строги погледи за контрацепцијата, абортусот и разводот. Ројтерс, сепак не најде извештаи, медиумски или какви било написи каде таа е обвинета за продажба на бебиња или за инволвираност во трговија со деца.

Така што, тврдењата за католичката калуѓерка која подоцна беше канонизирана за светица, во кои се вели дека таа била вклучена во трговија со деца, се невистинити.

Целата објавата изобилува со дезинформации и лажни тврдења. Мајка Тереза и Ентони Фаучи не се во никаква роднинска врска, а уште помалку се мајка и син. Оваа светица родена во Скопје, на ниту еден начин не била поврзана со трговија на деца, ниту пак, имала некаква врска со наводни сатанисти и глобалисти. Објавата освен што пласира лаги за Мајка Тереза, ја шири и добро познатата теорија на заговор Кју Анон, според која некаква длабока држава и елити киднапираат деца и ја пијат нивната крв. Ниту една Кју анон приказна не се докажа, иако имаше многу предвидувања за наводни апсења на елитите и разбивање на „кабалата“, во која секогаш како ликови што ја претставуваат беа наведувани демократи од САД. Поради сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција