Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите со нов постизборен наратив за изборите во САД

По денот на изборите во САД, про-Кремљ медиумите тврдат дека американската демократија е илузија, изборите биле лажни и поради тоа САД немаат право да им држат предавања на другите за човековите права или демократијата, пишува „Еувсдисинфо“.

После изборниот ден во САД, про-Кремљ медиумите се фокусираа на влијанието врз перцепцијата на јавноста за самото гласање и на неговите наводни последици.

Најјасна демонстрација на промената во пораките помеѓу 29 октомври и 12 ноември, е ненадејното исчезнување на неоснованите тврдења за корупцијата на семејството Бајден,  кои про-Кремљ медиумите засилено ги пласираа пред изборите. Уште еден знак е поплавата од постојани тврдења дека изборниот резултат беше добиен или преку отворена измама, или тој допрва треба да биде утврден.

Според доминантниот наратив за дезинформации од постизборниот период, изборниот резултат беше овозможен преку координирано местење на гласови што вклучува: одлучувачки изборни држави, поштенски работници, мртви луѓе, неисправен софтвер и произволни судски пресуди. Овие тврдења, честопати потекнуваа од домашниот информативен простор на САД и беа повторувани од страна на руските државни медиуми, како и од медиумите регистрирани надвор од Русија. Притоа,  се известуваше за поширок спектар на прашања, а  истовремено се поддржуваше про-Кремљ наративот .

Чекор напред од овој наратив се тврдењата дека измамата на гласачите не е аномалија, туку симптом на неуспешниот политички систем на Соединетите држави, или дека репрезентативната демократија во САД е само фасада – мит.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција