Фактоје: Владата на Рама не започна со изградба на спортската сала во Валона

 

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ на 20.01.2020 година пушти видео материјал со проверка не ветувањето за изградба на спортска сала во Валона, дадено од албанскиот премиер Еди Рама.

„Фактојe“ во овој видео материјал констатира дека нема градежни активности за изградба на оваа спортска сала. Имено, ветувањето на Рама е дадено пред три години (2017), со рок за изградба на објектот  до 2021 година. Според Фактоје, оваа сала тешко дека може да се изгради за само една година, колку што останува до истекување на рокот за реализација даден во ветувањето на Рама.

Во видео материјалот е прикажана изјавата на Рама дадена токму во Валона, а исто така, презентирани се и фотографии од лошата состојбата на објектот. Со ова образложение „Фактоје“ ветувањето на Рама го оцени како неисполнето.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција